Иако сè уште не е пуштена во употреба, подводната кабелска комуникациска мрежа „2Африка“ е една од најголемите во светот во должина од 37.000 километри и поврзува 23 држави во Европа, Африка и на Блискиот Исток. Проектот делумно е финансиран од страна на „Фејсбук“ и најверојатно ќе ги надмине рекордите на најдолг и најнов подводен кабелски систем откако ќе биде пуштен во функција. Како што покажува инфографикот, сега на прво место е мрежата изградена од „Фуџицу“ и „Алкател“ што ги поврзува Австралија, Нов Зеланд и САД, а беше ставена во функција во ноември 2000 година и опфаќа должина од 30.500 километри низ Пацификот.
Повеќето од најдолгите подводни комуникациски кабли се многу стари според денешните стандарди, со тоа што ААЕ-1 е истакнат исклучок. Системот кој работи по слична рута, како што беше вклучен кабелот на ФЕА во 1997 година, беше инициран од телекомуникациските оператори „Кина уником“ и „Телеком Египет“ и поврзува 17 земји во должина од 25.000 километри.
„Фејсбук“ не е единствениот член на големата четворка која инвестира во подводни комуникациски системи. Всушност, таа склучи партнерство со „Гугл“ за да го финансираат проектот „Кајсија“ за изградба на подводен кабел што ќе ги поврзува Јапонија, Сингапур и други земји во азиско-пацифичкиот регион до 2023 година. Технологијата сепак има и свои контроверзии. Топлината, електромагнетните емисии, бучавата и хемиското загадување најверојатно придонесуваат за загубата или нарушувањето на подводните живеалишта, како што покажуваат истражувањата на оваа тема во последните неколку години, иако подводните кабли постојат повеќе од еден век.