Нема потреба од трошење зборови за неговиот успех и оригиналност, бидејќи бројките зборуваат сами за себе. Стивен Кинг е еден од најпродаваните, најпреведувани и најпопуларни писатели на сите времиња. Неговите дела се адаптирани во филмови толку пати што продуцентите и режисерите се тркаат да бидат првите што ќе добијат право на секое негово последователно дело. Со други зборови, она што го пишува привлекува големо внимание и успева да нѐ држи „заковани“ за страниците, така што дефинитивно знае што прави. Тој сака да споделува совети, па затоа ви пренесуваме препораки за писателите и оние што сакаат да пишуваат сценарија.
Ако не успеете на почетокот, пронајдете подобра алатка
Во практика, ова значи дека треба да продолжите со она што го правите додека добиете подобар резултат, односно да напишете нешто ново ако не ви се допаѓа претходното.
Напишете шест страници дневно
Овој број можеби не е пресуден, но конзистентноста и истрајноста се клучни. Писателот мора да пишува, и тука нема оправдување.
Следете каде ве носи приказната
Може да се случи она што сте сакале да го напишете да нема многу смисла во контекстот на вашата приказна. Во тој момент, треба да го следите текот и да дозволите ликовите да ве однесат таму каде што треба да бидат, исходот може позитивно да ве изненади.
Добрите идеи не исчезнуваат
Сигурно сте слушнале дека треба да ги запишувате добрите идеи, но она што најмногу го сакате и на кое постојано се враќате, секако, е она на што треба да се посветите. Односно, ако приказната е предодредена да излезе од вашето пенкало, таа нема да ве напушти.
Прво читајте и имитирајте ги другите, а потоа, малку по малку, развијте го вашиот стил
Во ред е да имитирате одредени аспекти од туѓото пишување, како што е начинот на кој тие ги претставуваат ликовите. Меѓутоа, преку вежбање и стотици испишани страници, треба да смислите нешто автентично и само ваше.
Пишувањето е еден вид самохипноза и затоа ви треба рутина
шПишувањето зависи од навиките, без разлика дали се утринска или вечерна активност за вас. Треба да го пронајдете она што ви се допаѓа и да се држите до тоа, упорно.
Започнете со пократки приказни и оставете ги да се развијат
Не мора веднаш да имате цел роман или серија во вашата глава, некои приказни најдобро ќе функционираат како пократки варијанти. И ако тие се развијат во нешто подолго и посеопфатно, тоа може да биде бонус само кога ќе дојде природно.
Вежбајте пишување за различни медиуми
Без разлика дали сакате да бидете само романсиер, не е лошо да вежбате да пишувате сценарија за филмови, серии, па дури и видеоигри. Тоа ќе ви даде различни перспективи за обработка на приказните, како и повеќе потенцијални работни места.
Барајте идеи на кои би работеле долго време
Пишувањето дело може да потрае од неколку месеци до неколку години. Затоа е важно идејата и темата на која работите да бидат нешто што ви се допаѓа и што нема да ви здосади за кратко време.
Целосно препуштете им се на зборовите
Како што литературните дела ги привлекуваат читателите и тие се исклучени од надворешниот свет, така и вие треба да бидете целосно препуштени на светот што го создавате. Елиминирајте го одвлекувањето на вниманието и уживајте во процесот.