Темјанот спречува инфекции
Темјанот е ароматична смола што се добива од дрвјата од родот Босвелиа, кои растат на рогот на Африка, во Етиопија, Сомалија, како и во Арабија и во Јемен. Иако, пред сѐ, се користел како парфем и во религиозните обреди, темјанот има силни противвоспалителни својства, благодарение на тоа што содржи сесквитерпен, моноптерпен, дитерпен и босвелиска киселина. Познавачите го разликуваат темјанот по цврстината на зрното, бидејќи квалитетниот темјан е мек како пластелин. Најквалитетен е таканаречениот бел темјан.
Меѓу другото, темјанот го забавува и продлабочува дишењето и смирува. Античките лекари го препорачувале за одржувањето на здравјето на усната шуплина. На Блискиот Исток луѓето имаат обичај да џвакаат и смола од темјан бидејќи оваа активност го подобрува здравјето на забите и на непцата и спречува инфекции. Темјанот ја подобрува и циркулацијата на крвта, корисен е и при ублажување на симптомите на Кроновата болест, а со голем успех се користи и во мелеми за спортски повреди. Израелските и американските научници го идентификувале составниот дел на темјанот – инценсол ацетат, кој покажал и антидепресивно дејство.