Идејата за безбедно патување за време на пандемијата на глобално поле, на површина ја извади иницијативата за „зелен коридор“. Според земјите предлагачи на овој план, ваквиот начин на патување подразбира олеснување на бариерите на граѓаните при патувања меѓу државите со висока имунизација, како и слободен проток на економски добра и стоки

Патувањето на граѓаните меѓу државите и протокот на економски добра и стоки се чини дека засекогаш ќе бидат променети поради штетните влијанија на пандемијата. Имено, нов тренд во овој правец е т.н. зелен коридор за врски меѓу земјите каде што неколку држави низ светот им овозможија на своите граѓани олеснување на бариерите од коронавирусот при патување во странство. Последни од низата држави што претставија планови и стратегии за слободно движење на нивните граѓани и туристи за време на пандемијата се Израел и Велика Британија. Како што пренесува „Јуроњуз“, официјален Лондон и Ерусалим размислуваат да им дозволат на вакцинираните и оздравените лица од коронавирус да патуваат меѓу двете држави без никакви ограничувања.
Според медиумот, двете земји се решиле на ваков чекор првично поради спроведените успешни кампања за имунизација во државите. Во таа насока и министерот на британскиот владин кабинет, Мајкл Гоув, допатува во Ерусалим за разгледување на планот, каде што оствари средба со шефот на израелската дипломатија Габи Ашкенази. Во соопштението на израелското министерство за надворешни работи се наведува дека заедно со В. Британија ќе работат за унапредување на меѓусебното признавање за да им се овозможи на туристите и бизнисмените од двете земји безбедно да патуваат. Со тоа, како што соопштија властите во Израел, во земјата се отвора можност за создавање „зелен коридор за патувања“.

Патувачки балон или зелен коридор

Во меѓувреме, светските медиуми забележуваат дека ова не е прв случај на „зелен коридор за патување“ за време на пандемијата. Ваков проект, но со поразлично име именуван „патувачки балон“, веќе подолго време функционира меѓу Нов Зеланд и Австралија. Австралиските и новозеландските политичари неодамна дискутираа и се договорија за можноста меѓусебно да ги отворат границите и да создадат патнички коридор или „патувачки балон“ меѓу двете нации. И двете земји во март целосно ги затворија своите граници, што претставува огромен удар за нивните туристички индустрии. Но со оглед на тоа што и двете земји успешно ја контролираа пандемијата, политичарите се договорија како преку овој модел да ги отворат границите.
– Ако постои некоја земја со која ќе можеме повторно да се поврземе, несомнено тоа е Нов Зеланд – изјави австралискиот премиер Скот Морисон.

Коридорот ќе се проширува?

Во меѓувреме, светските агенции анализираат и за можноста дали зелениот коридор или патувачкиот балон може да се прошири и во остатокот на светот, но и кај пацифичките острови. Од здравствена перспектива, се чини дека пацифичките островски главно ја избегнаа пандемијата. Фиџи засега е најтешко погодена пацифичка островска нација, но има мал број случаи на починати лица. Многу пацифички острови брзо ги затворија своите граници за да се заштитат од можното ширење на заразата, но пандемијата силно го погоди туризмот на пацифичките острови. Во тој контекст, но далеку од пацифичките острови, слично пред летната сезона размислуваат и властите меѓу Москва и Атина. Имено, Грција размислува за признавање на вакцината „Спутник V“ и да се отвори „зелениот коридор“ за Русите вакцинирани против ковид-19.

Дали ова е иднината на патувањата

Паралелно на ова, Крис Робертс, главен извршен директор на „Туризм индустри Аотеароа“, смета дека патничкиот коридор помеѓу Австралија и Нов Зеланд, но и Израел и Велика Британија, би можел да стане модел за преостанатиот дел од светот. Како и другите земји во светот, и Нов Зеланд и Австралија ќе треба да бидат внимателни да не се движат брзо и да не создадат нови бранови на ковид-19. Брзото движење може да го загрози нивниот имиџ кај меѓународните туристи, кои ги сметаат земјите како чисти, доверливи места.
– Ако се разработат деталите помеѓу Нов Зеланд и Австралија, тогаш тие можат да се применат и на други места. Сега вниманието е насочено кон овој дел од светот поради очигледниот успех на Нов Зеланд и Австралија во контролирањето на вирусот. Сигурен сум дека остатокот од светот ќе биде заинтересиран за тоа како функционира балонот – вели Робертс.


Коалицијата на ЦДУ/ЦСУ е последната голема политичка партија што го номинира својот кандидат за претстојните избори, откако канцеларката Ангела Меркел нема да се бори за петти мандат, по речиси 16 години на власт. Лашет (60) беше избран за лидер на ЦДУ во јануари, кога се претстави како продолжена рака на Меркел, според „Би-би-си“. Тој е премиер на најгусто населената сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија.
На пет месеци до изборите, конзервативната коалиција е под притисок од зелените, кои најавија кандидат за канцелар за првпат во нивната историја. Аналена Баербок (40) изгледа ќе биде единствената жена во трката за канцеларската позиција. Таа стана заеднички лидер на зелените во 2018 година, откако претходно беше портпаролка за климатски политики, како што истакнува „Би-би-си“.