Астронаутот на НАСА, Џон Грансфилд, кој летал во вселената пет пати, објасни дека богатите земји се претежно зеленикави, додека сиромашните се кафени кога се гледаат од работ на вселената. Оваа разлика, според него, е најзабележителна на границата меѓу Северна и Јужна Кореја – Јужна е светла, Северна е мрачна
Што сѐ виделе астронаутите од вселената во изминатите децении
Можеби звучи неверојатно, но астронаутите низ годините забележале повеќе објекти и појави од вселената видливи со око. Како годишни времиња, бури, соголени шуми, вулкански ерупции, па дури и напади. Погледнете што сѐ виделе астронаутите од вселената во изминатите децении.
Површински рудници
Површинските рудници се масивни каменоломи од кои се вадат злато, бакар, ураниум и други руди. Овие јами се шират со копање до гигантски размери, така што тие може да бидат видливи од универзумот, како и езерата или планините. Најголемиот рудник за бакар што се гледа од вселената се наоѓа во Солт Лејк Сити, во Јута, а е длабок 1,2 километар и широк 4,4 километри.
Годишни времиња
Оние што ќе останат во орбитата доволно долго може да ја следат промената на годишните времиња врз основа на промената на топографијата на Земјата. Благодарение на фотографиите направени од сателитите на НАСА, луѓето на Земјата исто така може да ги следат овие промени. Кога сите фотографии се комбинираат во една анимација, можно е да се следат процесот на топење на мразот и дождливите и суви периоди во тропските предели, но и растот и истребувањето на вегетацијата. Меѓу најинтересните е процесот на формирањето мраз и топењето на Арктикот.
Пожари
Кога избувнува голем пожар, чадот и пепелта се креваат толку многу што дури и астронаутите можат да ги намирисаат саѓите. Сепак, не се видливи со голо око само пожарите од големи размери, во архивата на НАСА има фотографии од мали пожари.
Вулкански ерупции
Дали знаете дека секоја година се случуваат помеѓу 50 и 60 вулкански ерупции, а астронаутите можат да ги видат пепелта и чадот што излегуваат од „природните оџаци“? Еден од најактивните вулкани е Саричев, кој еруптира осум пати од 1946 година. Ерупцијата што се случи во 2009 година буквално направи дупка во облаците.
Цветање на фитопланктони
Фитопланктоните се микроскопски организми, кои личат на растенија што се размножуваат со голема брзина и создаваат голем број алги на површината на океанот. Фитопланктонот е исклучително густ и голем, така што во неговата целосна убавина најдобро може да се ужива од вселената. Тој е исклучително важен за циркулацијата на океанот, но и за синџирот на исхрана. Исто така, апсорбира големи количества јаглерод диоксид, поточно третина од неговото вкупно количество во воздухот.
Границата помеѓу Индија и Пакистан
Набљудувањето на Земјата од вселената е луксуз, бидејќи ни овозможува да видиме сè што ги поврзува луѓето. Сепак, дури и неколку стотици илјади километри над Земјата не се доволно за да ги изгубиме од вид грдите страни на животот и разликите што самите ги направивме. На пример, границата меѓу Индија и Пакистан е светло осветлена за да се спречат трговијата со оружје и нападите, а е долга 2.900 километри, што ја прави видлива дури и од вселената.
Нападот што се случи на 11 септември
Астронаутот на НАСА, Френк Кулбертсон, откри дека од вселената го видел нападот што се случи на 11.9.2011 година во Америка. Слушајќи ја веста за оваа трагедија, астронаутот погледнал низ прозорецот и видел како се крева чад над Њујорк, иако во тоа време бил над Нова Англија.
Сечење шуми
Кога гледаме на Земјата од вселената, можеме пообјективно да погледнеме на сè што се случува на нашата планета. На пример, шумите што некогаш биле бујни и густи, сега изгледаат како голи области. А овие промени се најзабележителни во шумите на Амазон.
Песочни бури
За да се појави песочна бура, потребни се три фактори: ветер, суша и песок или прашина. Кога се комбинираат овие три елементи, се формираат бури чија јачина достигнува и до 160 километри на час. Овие природни катастрофи се чести во Африка и во Кина, а исто така може да преминат низ водни површини.
Границите помеѓу сиромашните и богатите земји
Современите цивилизации оставаат длабоки траги на нашата планета, така што и политичките граници се на оваа листа. Верувале или не, астронаутот на НАСА, Џон Грансфилд, кој летал во вселената пет пати во текот на својата кариера, објасни дека богатите земји се претежно зеленикави, додека сиромашните се претежно кафени кога се гледаат од работ на вселената. Оваа разлика, според него, е најзабележителна на границата меѓу Северна и Јужна Кореја – Јужна е светла, Северна е мрачна.