Помалку познати факти
1. Во 1962 година Едмонд Халеј (познат по кометата) предложил дека Земјата е шуплива. Под надворешната кора на која живееме, замислил две концентрични обвивки и јадро со големина на Меркур, кои лебдат во блескав сјај.
2. Халеј дури замислил дека овие обвивки се населени. Жил Верн ја презема оваа идеја во својот роман „Пат во средиштето на Земјата“.
3. Халеј барем бил во право за големината на јадрото. Во средиштето на Земјата се наоѓа сфера богата со железо широка повеќе од 6.400 километри и поголема од Меркур.
4. Надворешниот дел е течен. Внатрешниот дел е цврсто парче метал што се врти независно од остатокот од планетата.
5. Брановите од земјотресите што поминуваат низ внатрешноста патуваат побргу во правецот север-југ отколку во правецот исток-запад. Теорија: внатрешноста на јадрото содржат метални кристали порамнети со Земјините полови и поради тоа брановите се движат побрзо кога одат кон нив.
6. Внатрешноста на јадрото е топла како површината на Сонцето, а притисокот е три милиони пати поголем од оној на површината.
7. Земјините течни и цврсти јадра заедно создаваат магнетно поле што ги држи соларните ветрови – константен бран честици по напон од 4.000 километри на час што го емитува Сонцето.
8. Макета на Земјата: група студенти од Универзитетот во Висконсен пробале да направат модел на Земјините полови, затварајќи 300.000 степени врела плазма во алуминиумска сфера со пречник од три метри со мошне цврсти ѕидови.
9. Најдлабокото место што некогаш е допрено од човечката технологија е супердлабокиот бунар Кола, недалеку од Мурманск во Русија.
10. Бактерии се откриени во пукнатините во рудници за злато речиси четири километри под површината на Земјата. Тие живеат од водород и сулфат, а нивен примарен извор на енергија е радијацијата, а не Сонцето.
11. Микробиологот Џејмс Холден од Универзитетот во Масачусетс тврди дека длабоката биомаса на нашата планета може да биде иста како што е и на површината.
12. Според научниците од НАСА, животот на Марс може исто така да се одвива во слична таква длабока биосфера.
13. Промените се неизбежни, дури и кај јадрото. Проучувајќи ги палеомагнетните податоци, геолозите од универзитетот „Џон Хопкинс“ укажуваат дека источната и западната половина на Земјиното јадро се намалуваат, растат и тонат.
14. Ова е можеби причината зошто оската на магнетното поле на Земјата е навалена овие денови на исток, додека геолошките податоци покажуваат дека таа некогаш била навалена на запад.
15. Научниците од „Џон Хопкинс“ веруваат дека оската е закотвена во растечката половина. Ова може да биде причината за чудната историја на промена на магнетното поле на нашата планета, кога северот и југот ги замениле местата.
16. Ваквите промени во магнетното поле, исто така, може да се објаснат со пандемониумот на границата помеѓу стопеното јадро и обвивката што се наоѓа погоре.
17. Физичарот Ричард Милер верува дека кислородот, силиконот и сулфурот се исцедени од внатрешното јадро и се движат нагоре до границата на јадрото и наметката, каде што се собираат во жешки, лигави дини. Одвреме-навреме, некоја дина може да се заглави во обвивката и да предизвика конвекцијата и нарушување на магнетното поле.
18. Реупотребувај производи и рециклирај. Бавно горечката тектонска плоча ја влече кората кон копното каде што е заробен целиот живот на растенијата и животните. Органскиот материјал со текот на времето се враќа на површината преку лава и вулкански гасови, вклучувајќи јаглерод диоксид што ја загрева атмосферата.
19. Таквото орбитирање и заштитното магнетно поле генерирано од јадрото ја одржуваат нашата планета на совршена температура за живот.