Иако голем број активности беа ставени на „пауза“ минатата година, климатските промени продолжија да се одвиваат на начинот за кој научниците нè предупредуваа со години. Така, беа забележани голем број временски крајности, како што се екстремно високи температури, забележани низ целиот Арктик во текот на целата година, или рекордна сезона на урагани на Атлантикот.
Ви претставуваме пет работи што ја обележија областа на климатски промени минатата година.

Шумски пожари
Дали се сеќавате на јануари и кулминацијата на сезоната на шумски пожари во Австралија? По 2019 година, која беше наречена година во која изгоре дождовната шума, истиот тренд продолжи и лани. Покрај Австралија, големи пожари беа забележани и во Сибир, Амазон и во најголемиот мочуришен свет Пантананата. Во исто време, Западниот брег на САД се соочи со една од најлошите сезони на пожари во историјата, а снимките од Сан Франциско во септември изгледаа како сцени од дистописки филм за научна фантастика.

„Зелено закрепнување“ од последиците на пандемијата
Луѓето активни во областа на климатските промени веднаш ја препознаа можноста да инвестираат пари во мерки со кои ќе се намалат емисиите на стакленички гасови и со тоа да се решат два проблема со еден удар. Многу шефови на држави во своите говори ја истакнаа важноста за одржливо економско закрепнување. Планот за економско закрепнување на Европската Унија, „тежок“ 750 милијарди евра, во кој централното место зазеде Зелениот договор, покажа дека тоа не се само празни приказни. Германија и Франција одвоија многу пари за енергетска транзиција и борба против климатските промени, додека новоизбраниот американски претседател Бајден објави инвестициски план од 2 трилиони долари за чисти технологии во следните четири години.

Силни бури
Со години научниците предупредуваат дека затоплувањето на нашата планета ќе биде придружено со зајакнување на деструктивните тропски бури, кои влијаат на различни делови на светот, а во 2020 година стана многу очигледно. Годинашната сезона на урагани имаше неколку куриозитети, како што се два урагана, Марко и Лора, кои го погодија американскиот брег за помалку од 48 часа, поради фактот што оваа година беа „потрошени“ сите лични имиња за „тропски циклони“. Титулата за најсилно невреме, пак, ја освои тајфунот Гони, кој ги погоди Филипините.

 
Екстремно високи температури на Арктикот
Дали 2020 година е најтоплата година што некогаш сме ја измериле, останува да видиме, сепак она што ја обележи кога се во прашање крајните температури се екстремно високите температури забележани низ Арктикот. Од неверојатниот топлотен бран што го погоди Сибир во текот на мај, преку второто најголемо топење на ледениот слој во Арктички Океан досега и, следствено на тоа, најновата досега забележана ледена формација во морето Лаптев, јасно е дека крајниот север на нашата планета е на пат кон неповратни промени.

Зголемена климатска амбиција
Видовме серијата најави за постигнување неутралност на јаглеродот, од кои најголемото изненадување го приреди Кина, која досега беше многу резервирана. По Кина, и Јужна Кореја и Јапонија ветија неутралност на јаглеродот, а новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, вети дека ќе го стори тоа откако ја презеде функцијата во јануари. Така што можеме да очекуваме дека 127 земји, кои се одговорни за 63 отсто од вкупните светски емисии и претставуваат околу 71 отсто од светскиот БДП, имаат некаква цел да постигнат неутралност на јаглеродот до средината на векот.