Ани е средновековен град што денес се наоѓа во турската престолнина Карс. Во периодот помеѓу 961 и 1045 година бил престолнина на средновековната ерменска држава. Бил познат како град на 1.001 црква и град на 40 капии, а неговите верски објекти, дворци и утврдувања биле меѓу најнапредните во средниот век.

Истражувачите веруваат дека имал околу 100.000 жители со што се вбројувал меѓу најголемите градови во светот.

Првпат се споменува во петтиот век како силна тврдина, а во 961 година кралот Ашот Трети ја пренесува престолнината од Карс во Ани. Во текот на владеењето на идните кралеви бргу се проширувал.

Во 1236 година бил ограбен од Монголите и никогаш не ја повратил својата слава. Во 1319 година бил погоден од силен земјотрес и населението постепено започнало да го напушта. Во 17 век градот бил целосно заборавен. Во 2016 година УНЕСКО го внесува во списокот на светското културно наследство.


Црквата на светиот избавител

Црквата е завршена во 1935 година. Имала уникатна архитектура – 19-странична надворешност, 8-апсидна внатрешност и голема централна купола. Била изградена од принцот Пахлавид, кој во неа го сместил вистинскиот крст – на кој се верувало дека е распнат Исус. Црквата останала речиси недопрена до 1955 година кога нејзината источна страна се срушила за време на бура.

Црквата на Светиот избавител

Џамијата на Ибн Шавур

Џамијата е именувана според нејзиниот основач, првиот член на династијата Шададид, која владеела со градот по 1072 година. Најстариот зачуван дел е минарето, зачувани се натписите на арапски јазик – во име на бога во северниот дел, молитвената сала што е изградена во 12 век. Во 1906 година џамијата била делумно реставрирана со намера во неа да биде поставен музеј што ќе ги содржи откриените предмети. Во 2020 година турската држава започна нејзина реставрација.

Џамијата на Ибн Шавур

Градските ѕидишта

Повеќе ѕидови го обиколувале градот, а најмоќните ѕидови се наоѓале на северната страна – единствениот дел од Ани што не бил заштитен од реки и клисури. Ани бил заштитен со двојни ѕидови, многу повисоки од внатрешниот ѕид, со голем број полукружни кули. Според хроничарите, ѕидовите биле изградени од кралот Смбат. Подоцнежните владетели дополнително ги зајакнале ѕидовите и додале нови кули. Северниот ѕид има три порти, меѓу кои и позната Лавовска порта.