Останува конечната одлука да ја донесе судијата. Во однос на дефиницијата за поимот „неприродно поголема“, судиите треба да ја проценуваат положбата на раката/рамото во однос на движењето на играчот во таа фаза на игра, велат од ИФАБ, тело задолжено за измени во правилата на фудбалската игра
ФУДБАЛ
Бордот на интернационалната фудбалска асоцијација (ИФАБ), задолжен за измени во правилата на фудбалската игра, ги расчисти дилемите за играњето со рака по низата контроверзни одлуки. ИФАБ смета дека останува конечната одлука да ја донесе судијата на теренот, пишува „Ројтерс“.
Со измените на ова правило во 2019 година, играњето со рака можеше да се санкционира во случаи кога раката го направила телото на играчот „неприродно поголемо“ или ако е крената над рамото, без оглед дали било ненамерно. Идејата беше правилото да биде појасно, но многумина инволвирани во фудбалската игра, вклучувајќи го и претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, веруваат дека тоа имало спротивен ефект.
Претходното правило за играње со рака се потпираше првенствено врз судиите, кои проценуваа дали имало намера. Фудбалските и техничките советодавни панели на ИФАБ соопштија дека има потреба од појаснување, бидејќи толкувањето на инцидентите при играњето со рака „не било секогаш доследно“ и покрај ревидираната формулација за сезоната 2019/2020.
– Останува конечната одлука да ја донесе судијата и не е прекршок секој допир на топката со раката/рамото на играчот. Во однос на дефиницијата за поимот „неприродно поголема“, судиите треба да ја проценуваат положбата на раката/рамото во однос на движењето на играчот во таа фаза на игра – велат од ИФАБ, пренесува „Ројтерс“.