Мачкината канџа

Присутноста на вирусите во нашиот организам е здравствен проблем дури и тогаш кога не предизвикуваат никакви симптоми на болест, бидејќи тие се опасни по својата природа и кога се тивки. Вирусите се предизвикувачи на голем број оштетувања и на ненормални биохемиски процеси во клетките. За нивната подмолност говори и фактот дека и современата медицина сѐ уште нема делотворни лекови против нив.За среќа, како и секогаш, природата нуди ефикасно решение

Мачкината канџа е една од најделотворните билки со противвирусно дејство. Јужноамериканските Индијанци ја користеле уште пред 2.000 години. Оваа билка ги уништува вирусите, но и ги намалува воспалувањата, а дејствува и против создавањето тумори. Билката влијае на имунолошкиот систем така што го поттикнува создавањето на лимфоцитите и ја јакне нивната функција.

За противвирусното дејство на маслинката, одговорна е еленолната киселина, која го кочи размножувањето на вирусите, како и создавањето на транскриптазата и протеазата – ензими што ги користат некои вируси за да ги оштетат здравите клетки. Со забавување на размножувањето на вирусите, состојките од листот на маслинката му даваат доволно време на организмот да тргне во напад и да ги уништи. Маслинката помага и во лекувањето на херпесот и на други вирусни заболувања, потоа на грип, настинка, габични инфекции, хроничен замор и алергии, а дејствува дури и на вирусот ХИВ.

Состојките од листовите на маслинката влијаат така што го инактивираат дејствувањето на антибиотиците, па со тоа производите на база на маслиновите лисја не би требало да се земаат во исто време кога се земаат и антибиотици.

Ехинацејата е најпозната билка што го јакне имунитетот, а покрај тоа таа е и билка чии состојки придонесуваат за зголемување на бројот на имунолошките клетки, кои се одговорни за инактивација на вирусите и на бактериите. Докажано е дека ехинацејата ефикасно влијае кај акутните инфекции на дишните патишта, вклучувајќи ги грипот, настинката, бронхитисот, синуситисот, тонзилитисот, воспалувањето на увото и друго. Најдобро е да се употребува при првите симптоми на болеста.

Маслинка

 

Старите народи сметале дека маслото од црн ким е лек за сите болести. Над 200 најнови истражувања го потврдиле неверојатното лековито дејствување на оваа билка. Поради својот богат хемиски состав (содржи над 100 активни состојки), црниот ким влијае на широк спектар болести. Благотворно дејствува на дишниот, дигестивниот и уринарниот систем. Го јакне имунитетот, лекува бронхитис, хронично кашлање и емфизем. Дава одлични резултати во лекувањето на алергијата и астмата. Дејствува како природен антибиотик, кој нема штетни последици, па затоа може да се користи во сезоната на грип и настинки, а може да им се дава и на децата.

Се вели дека нападот е најдобра одбрана. „Вооружете“ се со некои од овие билки и нападнете ги вирусите за да си го зачувате здравјето. Билките се поевтини од синтетички фармацевтски лекови и имаат помалку штетни последици. Сепак, имајте на ум дека со нив не треба да се претерува и да не се земаат неконтролирано.
Цветот од бозел е една од најпознатите лековити билки, а многу често е дел од домашната аптека. Бозелот се прославил во народната медицина, а го препорачува и познатиот германски лекар Себастијан Кнајп, најмногу поради неговата единствена моќ во лекувањето на настинката, грипот и високата температура. Современата наука ја разјаснила тајната на дејствувањето на бобинките на бозелот. Утврдено е дека бозелот има способност да го оневозможи пробивот на вирусите во клетките и нивното размножување внатре во нив. Бозелот особено влијае на вирусите што предизвикуваат настинка и грип, а докажано е дека дејствува и на вирусот херпес симплекс, како и на некои други видови. Бобинките од бозелот имаат и силно антиоксидативно дејство и го намалуваат севкупното ниво на оксидативниот стрес.