Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства кои живеат во трагедии – возачите секојдневно гинат на патиштата во државата. Македонија нема институционален капацитет за да се справи со безбедноста на сообраќајот. Ова се согледува преку секојдневно следење на фрапатните статистички податоци за сообраќајните незгоди во 2019 година, се вели во соопштението на Форум за граѓански активизам.
Според нив, статистичките податоци го покажуваат, а тоа и со сигурност може да се констатира дека 2019 година е најцрна година на патиштата во Македонија, споредувајќи ги последниците 20 години. Само за пример во споредба: во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 20 отсто во споредба со 2018 година, а во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена за 25 отсто.
Во првите шест месеци од 2019 година согласно податоците добиени од Министерството за внатрешни работи 70 лица загинале во сообраќајни незгоди на патиштата во Македонија. Статистиката и бројките одат нагоре, секојдневно се случуваат сообраќајни незгоди. Во нив досега се загинати стотина луѓе, а илјадници се повредени.Неодамна еден полициски службеник го загуби својот живот во сообраќајна незгода, еден беше повреден, пред неколку дена уште два полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода.
– Безбедноста на сообраќајот на патиштата е една од приортетните теми на Европската унија, за жал во последно време во Македонија се чини дека ова е една од најмаргиналните теми за државните институции. Ниту една институција не презема крајна одговороност да го реши овој важен проблем за граѓаните – велат од Форумот за граѓански активизам.
Европската комисија во јуни оваа година објави стратешки документ со кој преку индикатори ќе се следи состојбата на безбедноста на патиштата во земјите членки на унијата. Во таа насока документот предвидува намалување на бројот на жртви во сообраќајни за 50 отсто до 2030 година и нула жртви во сообраќајни незгоди до 2030 година.
Политиката и партиските интереси се за политичарите, грижата за граѓаните е обврска на Владата и останатите државни институции. Во таа насока ги повикуваме и апелираме до сите надлежни институции без одложување да го остават ова прашање на врвот на агендата. Македонија е земја која ќе биде членка на НАТО и земја која стреми да биде член на ЕУ, а безбедноста, грижата и здравјето за граѓаните се приоритет во високоразвиените земји.
Институционалните промени треба да бидат координирани, а пред се насочени кон реформа и зајакнување на легислативата од страна на Министерството за внатрешни работи, вложување во инфраструктура и изградба на модерни патишта од страна на Министерството за транспорт и врски, побрз одговор при случена сообраќајна незгода од страна на Министерството за здравство и конечно формирање на водечко тело за подигнување на безбедноста на патиштата кое треба да биде грижа на Владата на Македонија.