Автомобилските ентузијасти не можат да одолеат на потребата да се фалат и да спомнат какви спецификации имаат нивните најомилени автомобили. Тоа е разбирливо, секој нема можност да седне зад воланот и да почувствува и да процени какви се управувањето и кочењето во таков автомобил. Но кога станува збор за создавање листа од најбрзи автомобили во светот најчесто станува збор за постигнување највисока брзина. Брзите автомобили имаат повеќе работи што треба да ги поседуваат како стандарди, а сепак главната вредност е максималната брзина. Вкупните репери за успешност на еден автомобил ги вклучуваат: цената, коњските сили, времето на забрзување од 0 до 100 километри на час, Г-силата во свиоци и постигнувањето максимална брзина. Истите репери за успешност се земаат предвид при одлучување за најбрзите автомобили. Во продолжение ќе ги наброиме најбрзите автомобили во светот според претходно наведените карактеристики, главно според тврдената или докажаната максимална брзина.
„Хенеси веном Ф5“ – 484 км/ч максимална брзина
Со сите расположливи средства за истражување и развој на главните производители на автомобили, би можело да се претпостави дека најбрзиот автомобил во светот ќе дојде од светски препознатлив бренд. Наместо тоа „Хенеси перформанс енгиниринг“ го поседува врвот на оваа листа со новиот „веном Ф5“. Наследникот на рекордерот „веном ГТ “, „веном Ф5“, има теоретска максимална брзина од 484 километри на час, со што се издигнува на првото место по брзина во светот. „Веном Ф5“ поседува шасија изградена од јаглеродни влакна и се напојува од 7,4-литарски В8 мотор со двоен турбо-полнач од 1.600 коњски сили. „Хенеси“ допрва треба да ја потврди нивната изјава дека „Ф5“, наводно, ќе може да постигне 400 километри по час за помалку од 30 секунди. За толкаво време вообичаените спортски автомобили можат да постигнат само 160 километри на час.
„ССЦ туатара“ – 482 км/ч максимална брзина
Подолго време помина и скоро се заборави името на американскиот производител на специјални возила „ССЦ“. Повторно се појави и ги разбранува водите во автомобилската индустрија со објавување на супербрзиот автомобил и наследник на нивниот „ултимејт аеро“. При објавувањето, „ССЦ“ тврдеше дека претстојниот „туатара“ ќе достигне 426 километри на час, но кога компанијата го откри својот модел за производство на годинашниот „конкорс елеганс“, максималната брзина ја искачи на 482 километри на час. Добиен од 9-литарскиот мотор В8 „нелсон рејсинг енџинс“ со двоен турбо-полнач. Моторот на „туатара“ е има 1.750 коњски сили кога работи со гориво E85. Моќта се пренесува на задните тркала преку автоматизиран рачен менувач со седум брзини. Оваа голема моќ во комбинација со аерооптимизираното тело на автомобилот треба да влезе во книгите за историја. Единственото прашање е дали останува „туатара“ да ја постигне брзината од 482 километри на час како што велат од компанијата.
„Коенигсегг агера РС“ – 447 км/ч максимална брзина
Ако сте заинтересирани само за докажани тврдења, тогаш списокот за најбрзите автомобили почнува тука со „коенигсегг агера РС“. Претходните автомобили сѐ уште не се тестирани во јавноста, а максималните брзини се според изјавите на самите автомобилски компании. Додека за „веном Ф5“ тврдат дека може да постигне повеќе од 484 километри на час, „Коенигсегг“ всушност покажа дека неговата „агера РС“ постигнува просечна максимална брзина од 447 километри на час. На 4 ноември 2017 година, Одделот за транспорт во Невада го затвори патот од 11 километри само надвор од Лас Вегас. „Коенигсегг“ се појавил со возачот Никлас Лиља во „авера РС“, кој ја извозил патеката со просечното темпо од 458 километри на час. Ова возење со постигнатата брзина подоцна беше заведено во Гинисовата книга на светски рекорди.
„Хенеси веном ГТ“ – 434 км/ч максимална брзина
Кога „коенигсегг“ постави нов официјален рекорд со максимална брзина, „хенеси“ ја загуби титулата. Но пред да ја загуби титулата „хенеси веном ГТ“ претходно излезе да го собори моќниот „бугати вејрон“. Во 2014 година „Хенеси“ го откри суперавтомобилот со 7,0-литарски двоен турбо В8 мотор и 1.244 коњски сили. Со одобрување од страна на вселенскиот центар „Кенеди“, „хенеси“ постигна максимална брзина од 434 километри на час, со само еден поминат круг. Иако Гинисовата книга на светски рекорди ја одобри трката, таа доби и критики. Најголем дел од рекордите за брзина се земаат во просек по две трки во спротивни насоки, како што „Коенигсегг“ го направи тоа со „агера РС“.