Не станува збор само за сателитски мапи за снаоѓање во природа и за следење на временските услови, туку и за тоа каде се наоѓаат другите ловџии од групата, како и мамење на дивечот со изворни животински тонови

Сѐ повеќе приватни компании произведуваат телефонски апликации, кои им помагаат на ловџиите да ги најдат клучните информации. Не станува збор само за сателитски мапи за снаоѓање во природа и за следење на временските услови, туку и за тоа каде се наоѓаат другите ловџии од групата, следење на чеката, но и мамење на дивечот со изворни животински тонови.
Комисијата за дивеч и риби во Арканзас (САД), пак, изработила апликација за телефон, која им јавува на ловџиите за датумите на ловните сезони и квотите на уловен дивеч, и им овозможува на ловџиите да ја дополнуваат оваа апликација со сопствените улови на дивеч.

Колегите од бирото за дивеч, риби и паркови во Јужна Дакота (САД), објавиле апликација преку која ловџиите можат да ги преземат мапата и ловечките закони и да побараат барање за вадење ловџиска дозвола.

„Хант журнал“ е апликација што овозможува збогатување и пребарување на сопствените ловџиски забележувања и други белешки. Во неа е можно да се внесат податоци, како што се термини и локации за одење на лов, големината на уловот, земјените координати на трагите на животните на кои ловџијата наишол.
Понатаму апликацијата може да го сними патот до одредена чека и да ги внесе нејзините координати, така што ловџијата повеќе не талка додека стигне до неа. Дава информации и за временските услови и прогнози околу излегувањето и заоѓањето на сонцето и месечината.

Апликацијата „Сонулар хантинг фишинг тајм“ ги информира ловџиите и рибарите со актуелни податоци за најдоброто време за лов и за риболов каде било во светот. Корисниците, исто така, имаат пристап кон релевантните податоци за периодите кога одреден дивеч се храни, како и за излегувањето и заоѓањето на сонцето на која било локација во светот.

Дури и службените органи им помагаат на ловџиите, поточно службените апликации, кои освен тоа што им помагаат да се ориентираат на теренот, ги информираат и за важечките прописи, термините за лов, нивото на водите, како и за временскиот термин кога се допуштени ловот или риболовот на одредени видови дивеч и риби.
Канцеларијата за природни ресурси во Грузија, пак, програмирала апликација со законски правила, податоци за локалните животински видови и мапи за подрачјата на кои се движи одреден вид дивеч.


Како да се преживее во природата?

Прво и основно правило е ловџијата или рибарот да не се оддалечуваат многу од местото каде што се загубиле и да се потрудат да направат соодветно скривалиште

Можеби изгледа чудно, но често има ситуации кога ловџијата или рибарот, поради долгото следење на дивечот може лесно да се случи и да се загубат, особено ако не се многу снаодливи кога се наоѓа во помалку познат шумски предел. Што е потребно да знаат ловџиите и риболовците во такви ситуации?

Прво и основно правило е да се потрудат да не се оддалечуваат многу од местото каде што увиделе дека веќе се загубиле, оти така полесно ќе го пронајдат, а во случај на паника можно е лесно да залутаат и подалеку во дивината што го опкружува.

Понатаму, треба да се потрудат, особено ако е денот е при крај, да направат соодветно скривалиште за да го дочекаат успешно утрото. А тоа скривалиште може да се направи на повеќе начини, од гранки, под некое големо дрво, па дури и под некое шупливо, но притоа да се внимава на непожелни инсекти во него.

Но сигурно во близината има и некое дрво на кое може да се качат, оти ноќе може лесно да налетаат на некое диво животно (дива свиња, мечка, волк итн.). Ако ловџиите и рибарите се вешти качувачи, потребно е да го одберат највисокото дрво на кое може да се качат и оттаму да утврдат, ако е можно, дали има траги на цивилизација во близината. Пожелно е и да се запали оган, оти неговиот мирис се чувствува далеку, а се гледа и димот, така што ќе бидат полесно пронајдени.

Секако ова не е гаранција дека ловџиите и рибарите би биле сигурно пронајдени истиот или следниот ден, така што тие треба да бидат психички подготвени на можноста дека ќе останат во дивината и неколку дена. Тука може да се појави проблем и со храната, која ловџиите или рибарите веќе ја потрошиле, па ќе мора да се снаоѓаат, односно да ја бараат во шумските плодови, но во блиската околина каде што се изгубиле, за повторно да не залутаат во друг правец. Ако има оружје пожелно е да пукаат повремено во воздух, за да им дадат до знаење каде се на оние што ги бараат.