По десетгодишна истражувачка работа, еден научник на јавноста ѝ го претстави својот статистички приказ на глобалистичките нееднаквости во периодот 1998-2008, таканаречениот „слоновски графикон“. Кривата линија јасно укажува на судирот помеѓу добитниците и губитниците во светот од глобализацијата, односно помеѓу државите во развој и развиените држави. Тој покажа и како, всушност, светот забележа глобален пад (сиромаштија) од една страна, но и незапаметен раст на богатење на 1 процент од супербогаташите, од друга страна
Анализа на д-р Сања Вујачиќ,
„Геополитика“
Нееднаквата распределба на богатство е историска константна, а даночната нееднаквост е константа на финансискиот капитализам. Во ситуација во која државите постојат само за нивните сметководствени влади да ги сервисираат државните долгови по пат на сѐ поголем даночен притисок врз губитниците на глобализацијата (оние што не можеа или не сакаа да го делокализираат своето производство, приходите или самите себеси), револтот на граѓаните беше очекуван – прво во Америка и Велика Британија (Трамп и брегзит), каде што почна сѐ, а потоа и во ЕУ. По Велика Британија и други европски сили би можеле да се посветат на ревалоризација на сопствените економски национални идентитети во рамките на своите традиционални колонијални царства, а со тоа да го максимализираат ризикот за четврта светска војна, по две топли и една студена.
Овде, секако, не помагаат циничните анализи на европските „прогресивци“, според кои двата похода на Хилари Клинтон кон Белата куќа не беа успешни бидејќи Американците не беа подготвени да изберат жена за претседател. Евидентно е дека проблемот на Хилари лежеше во фактот што таа не беше чија било сопруга, туку токму на Бил Клинтон – столбот на „владата Голдман-Сакс“. Ова го објаснува „прогресивниот“ избор на „црн“ кандидат за претседател на САД од страна на демократите, кој не беше помалку циничен, бидејќи уште на почетокот на мандатот на Обама, очекувано експлодира финансискиот балон, најмногу надуван од администрацијата на Клинтон. Букна економската криза во 2008-2010 г., а под покровителство на американските конзервативни милијардери (браќата Кох), се роди политичкото движење на американските популисти, наречено ТЕА, кое беше против спасувањето на банките и нивните жртви, како и против реформите на Обама, кои би го зголемиле даночниот притисок на веќе преоптоварените даночни обврзници.
Меѓутоа, акцијата на конзервативците ѝ одговараше на „владата Голдман-Сакс“, чија банка не само што беше спасена, туку заради арбитрарната одлука на администрацијата на Обама (ликвидација на конкурентната банка на браќата Леман) дополнително беше зајакната. Истовремено, клучните актери на последната финансиска криза и понатаму непречено се занимаваат со банкарски активности.
Десет години подоцна, основниот политички револт во Европа денеска го следи трансформацискиот пат кон европската форма на американската конзервативна републиканска политичка опција. Во исто време, во срцето на банкарскиот систем (ММФ), остро е критикуван Фридмановиот неолиберален пристап, односно „слоновските“ нееднаквости како негов производ. Овие нееднаквости би можеле да ја загрозат „владата Голдман-Сакс“, па затоа таа е подготвена за конзервативен пресврт со кој би опстанала. Од една страна, преку смирување на слоновскиот апетит на најбогатите. Од друга страна, преку јакнење на државните репресивни апарати, а во тој контекст, одржување на дијалогот помеѓу губитниците и добитниците од глобализацијата. Како инаугурација на еден таков дијалог можат да се сметаат штотуку започнатите консултации на претседателот Макрон со францускиот народ.
(Крај)