По дeвет месеци, дуото „Ај кју“ на своите обожаватели им претстави нова песна. Станува збор за летен хит во фанки-диско ритам, песна со романтичен текст, која ја реализираа заедно со пoзнатиот македонски композитор Роберт Билбилов.
Бидејќи Бојан Трајковски и Марија Ивановска веќе неколку години живеат во Лондон, ја снимија песната „Заведи ме“ на далечина.
„Ај кју“ ја објави новата песна на интернет на каналот Јутјуб, но само во аудиоверзија.