Листата на најдобрите градови за живеење, која ја направи весникот „Економист“, ја предводат три европски градови, а Дамаск, Лагос и Триполи се на дното на листата.
По три години, Виена повторно се најде на врвот на индексот на „Економист“ за најдобри градови за живеење. По две години во кои рејтингот на градовите беше силно погоден од пандемијата на ковид-19, односно од мерките што беа преземени, во 2022 година ситуацијата се нормализира.

Главниот град на Австрија, кој нуди безброј културни и забавни можности, се рангира високо во однос на стабилноста, има добра инфраструктура и им нуди на своите граѓани одлична здравствена заштита – тој е најдобро оценет град со импресивни 99,1 поени од можни 100. Главниот град на Данска, Копенхаген и швајцарскиот град Цирих се следните два града на листата, пишува „Ал џезира“.

На дното на листата на градови по квалитет на живот е Дамаск со оценка 30,7.
Како најлоши градови за живеење се рангирани и Лагос, Триполи, Алжир и Карачи.