Главниот град на Австрија, Виена, секогаш е на врвот на светот по квалитетот на животот, но сега го освои и првото место по нељубезност. Во категоријата „љубезност“ на истражувањето, Виена го зазеде последното место.
Според претставници на странски компании и организации што биле испратени да работат во Австрија, Виена не е толку пријатна за живеење. Дури 46 отсто рекле дека жителите на Виена се груби и нељубезни.
Додека Мексико Сити, Маскат и Валенсија се најпријателските градови според анкетата, Франкфурт, Хамбург и на крајот Виена се наоѓаат на последните три места.
Испитаниците велат дека жителите на Виена се нељубезни кон странците. Исто така, 54 отсто тврдат дека е тешко да се најдат пријатели во Виена, а 32 отсто тврдат дека не се задоволни од својот социјален живот во австриската престолнина.