В недела, во Кочани ќе има 12 часа урбан здив. Не пропуштајте ја можноста за целодневна добра забава. Сите настани се случуваат во градскиот парк, на отворено, а поддржани се од Општина Кочани.
Од 12 до 17 часот ќе се случува Втората летна регионална берза на винили, со учество на 12 излагачи од регионот.
Во 14 ч. ќе биде промовирана книгата „Хрватскиот панк и новиот бран 1976-1987“ на Винко Бариќ, кој ќе има и свој диџеј-сет, заедно со Зоран Цекиќ од Србија, Стрелакис Стрела од Косово и Андреј Алексов од Македонија.
Ќе се одржат и неколку изложби: „Македонската рок-музика на насловните страници на печатените медиуми“ – Македонски музички архив, „Новиот бран – децата на социјализмот“ на Зоран Кардула од Македонија, како и изложба на стрип-табли „Барокниот човек“ на Винко Бариќ.
Концертите почнуваат во 20 часот, со настапот на хрватската група „Напорно суицид“, а ќе ги слушнеме и домашните групи „Есидент рајд“, „Хајка“ и „Ласт експедишн“.