Извршниот директор на „Твитер“, Илон Маск, сепак сака да се ослободи од микроблогирањето, а сега вети дека ќе го зголеми бројот на карактери на оваа платформа. Моментално, границата на карактери во твитот е 280, но Маск има намера драстично да ја зголеми, дури на 4.000. Потврдата дојде од неговиот личен профил кога еден корисник го прашал дали е вистина дека бројот на карактери на Твитер ќе се зголеми од 280 на 4.000, а Маск одговорил „да“.
Ова не е првпат милијардерот да реагира на темата за зголемување на бројот на карактери во твит. Тој во ноември изјави дека тоа е на „листата за работа“, но тогаш се зборуваше за зголемување на 1.000 карактери.
Кога ќе се случи зголемувањето сѐ уште не е познато, а веројатно тоа не е нешто што во моментов е приоритет за Маск. Ситуацијата во компанијата е турбулентна по многубројните отпуштања и воведувањето нови можности, а Маск неодамна се закани дека ќе ги тужи вработените што разговараат со медиумите.
Твитер последен пат го зголеми бројот на карактери во 2017 година кога Џек Дорси беше извршен директор. Потоа бројот беше удвоен од 140 на 280. Оригиналната граница од 140 знаци се засноваше на СМС од 160 карактери, бидејќи Твитер испорачуваше профилни објави што следбениците ги следат како текстуални пораки. Со напредокот на мобилните телефони тоа стана ирелевантно, а Твитер ја затвори СМС-услугата во 2020 година во повеќето земји.