Дали ви се чини дека некои луѓе едноставно зрачат со енергија, додека вие се мачите да се разбудите два часа по станувањето? Каква е нивната тајна? Доколку сакате да го зголемите нивото на енергија, испробајте некои од следните трикови.

Пијте кафе, но паметно

Кофеинот може да ја спречи сонливоста и да ги подобри концентрацијата и атлетските перформанси, но само ако го користите мудро. Не преплавувајте го вашето тело со кофеин, бидејќи ќе бидете претерано стимулирани и ќе имате сосема спротивен ефект, затоа што нема да можете да се концентрирате.
Пијте кафе наутро, за да не го нарушите ритамот на спиење. Истиот пијалак се препорачува да го консумирате најмалку еден час пред вежбање, под услов да не вежбате навечер. Исто така, ве советуваме да не дозволите шолја кафе да ви биде појадок, туку само додаток во оброкот што ќе ви ја даде потребната енергија за остатокот од денот.

Движете се секој ден

Можеби звучи парадоксално, но за да имате повеќе енергија, треба да се движите повеќе. Имено, за време на движењето почнуваат да се ослободуваат хормони на среќата, како што се, на пример, допаминот и серотонинот, кои прават да се чувствувате подобро и да размислувате попозитивно. Движењето ќе ги избрка заморот и сонливоста и ќе го ублажи стресот, а особено ќе се чувствувате подобро по тренинг.
И не, не мора да вежбате секој ден, но пожелно е редовно да бидете физички активни. Тоа може да значи одење на прошетка наутро и навечер, пешачење до дома од работа ако живеете релативно блиску, возење велосипед наместо користење автомобил или јавен превоз итн.

На телото му треба гориво

Луѓето што секогаш имаат доволно енергија се свесни дека телото ја добива од храната. Во зависност од вашиот ден и активност, треба да ги приспособите и оброците. На пример, во денот кога вежбате ви требаат поголеми оброци или позначајни закуски. Важно е и каква храна избирате.
Масната и брза храна ќе ве забави и ќе ве заспие, но здравите оброци приготвени дома ќе го нахранат вашето тело, навистина ќе ве заситат и ќе ви дадат многу енергија.

Полнење батерии

Луѓето што немаат главоболка од замор и секогаш имаат доволно енергија внимаваат да им се полни „батериите“. Тоа подразбира редовен ритам на спиење (дури и за викенди, легнување во исто време), хранливи оброци по тренинг, здрави грицки за време на работа… Тие не дозволуваат стресот да доминира во нивните денови и се обидуваат да најдат начин да се ослободат од него штом ќе се појави. Тие исто така не се дружат со луѓе што само им ја трошат енергијата на другите луѓе. Тие имаат јасно поставени граници и не му дозволуваат никому да ги премине.