По мнoгуте снимени филмски хитови, неодамна Стивен Спилберг го режираше првиот музички спот во својата кариера. Станува збор за видеоприказна на Маркус Мамфорд, лидерот на „Мамфорд енд санс“, за песната „Cannibal“.
Легендарниот режисер познат по својата легендарна кариера на големите екрани, работејќи на филмови како „Е.Т.“, „Шиндлеровата листа“, „Јурасик парк“, „Индијана Џонс“…, сега се пресели во светот на музиката.
На Твитер, Маркус откри дека Спилберг го создал делото во еден потег, користејќи го својот телефон, додека сопругата на режисерот Кејт Капшо исто така била на снимањето.
– Ме преплави поддршката од луѓето околу мене да ви ја донесам оваа музика и ја изразувам сета моја благодарност – напиша Маркус на социјалните мрежи.
Инаку, песната „Cannibal“ ќе се појави на истоимениот негов деби-соло албум насловен „Little Lion Man“, кој треба да биде објавен на 16 септември.