Според списанието „Ролинг стоун“

Списанието „Ролинг стоун“ ја ажурираше својата листа на најдобри серии на сите времиња, а култната драма „Сопранови“ повторно го зазеде првото место. Сегашната ера на ТВ-продукција ни носи повеќе од 500 серии годишно, од кои многу ги поместуваат границите за тоа како се раскажуваат приказни и кој ги раскажува.

„Ролинг стоун“ соодветно ја ажурираше својата листа на најдобрите телевизиски серии на сите времиња, првично составена во 2016 година. Тие објаснија како се свртеле кон ТВ-ѕвездите, креаторите и критичарите од Наташа Лион, Бен Стилер и Памела Адлон до актери како Џон Хам и Лизи Каплан, за да ја средат долгата и комплицирана историја на телевизијата.

Серијата „Сопранови“ повторно е прогласена за најдобра серија на сите времиња.
Креацијата на Дејвид Чејс повторно е на врвот на листата, бидејќи сè уште живееме во новиот свет на телевизијата, воведен од шефот на мафијата Тони Сопрано (Џејмс Гандолфини), пишува „Ролинг стоун“.

Тие додаваат дека едноставноста и држењето за рака на публиката не постоеја, а наративната и моралната комплексност беа присутни до последната сцена.
Покрај култната „Сопранови“, на листата на десетте најдобри серии се наоѓаат и следните продукции: „Симпсонови“, „Брејкинг бед“, „Жица“, „Флибег“, „Сајнфелд“, „Мед мен“, „Чиерс“, „Атланта“ и „Шоуто на Мери Тајлер Мур“.