Научниците тврдат

Влегувањето во доменот на социјалните мрежи сè повеќе прави луѓето да забораваат, па многумина не се ни сеќаваат што читале или правеле, а ова чувство подоцна се шири во животот надвор од интернетот, предупредуваат научниците.

Познато ви е она чувство кога едноставно не можете да се сетите на некои работи толку многу што вашиот живот зависи од тоа? Оваа појава на заборавање банални работи, како на пример дали вратата од станот останала отклучена, дали сте ја исклучиле пеглата и слично, науката ја нарекува „секојдневно дистанцирање“.

Универзитетот во Вашингтон спроведе студија за да утврди колку често луѓето се исклучуваат кога користат социјални медиуми. Експертите смислиле апликација што ја следи активноста на учесниците во студијата кога користеле Твитер еден месец. Во неправилни интервали, апликацијата ги прашувала учесниците дали се сеќаваат на она што штотуку го прочитале. Во текот на истражувањето, 42 отсто од испитаниците барем еднаш рекле дека не се сеќаваат што прочитале и дека не обрнуваат внимание на тоа што го прават.

Исто така, 16 отсто од нив изјавиле дека биле целосно исклучени додека ја користеле социјалната мрежа.
Апликациите или прозорците што ги прашуваа дали се сеќаваат на она што го читаат, всушност ги натераа да го вратат фокусот на она што го прават.

Социјалните мрежи се дизајнирани да ги охрабрат луѓето да продолжат да пребаруваат содржини. Кога се во „состојба на дистанцирање“, корисниците имаат намалено чувство за вклученост, што ги прави поранливи и ги принудува да изгубат чувство за времето, предупредуваат научниците.

Тие исто така нагласуваат дека социјалните мрежи треба да го дизајнираат крајот на некои содржини, со цел да им помогнат на корисниците подобро да управуваат со своето внимание и време.