Сместен под пазувите на планината Илиница, над селото Слепче, во општината Демир Хисар, Слепченскиот манастир е верен чувар на македонската национална култура и традиција

Знаменитостите на Македонија

Слепченскиот манастир во текот на 15-16 век бил препознатлив по најавтентичниот копаничарски стилски израз на Балканскиот Полуостров, кој надалеку го прославува манастирот, а во медиевистиката и уметноста на средниот век мотивите и стилот на резбата го добиваат називот Слепченска резбарска школа.
Денес, сестринството на Слепченската претеченска обител, со божја помош, низ долгогодишни истражувања и проучувања на слепченското културно наследство, ја возобновува резбарската работилница во автентичен стил на некогашната плитка резба со доминација на плетеница.
Конкретно рацете на монасите во плитка резба со плетеница изработуваат иконостаси, олтарни врати, балдахини, парапетни плочи, двокрилни влезни врати, дејзисни плочи, полиелеи, проскинитрони и друго, од кои многу денес се зачувани како артефакти во ризницата на манастирот „Слепче“ и во музеите на Скопје, Софија и други. Во Слепченската резбарска школа се изработуваат и деловите за иконостасот на храмот „Св. Јован“ во манастирот.