Во Кина се користат трамваи што не се движат по шини и кои немаат електрични водови, туку се движат по асфалтна површина на која е исцртана патеката на движење. Поконкретно, станува збор за тип на возило што е комбинација од трамвај и автобус. Тие изгледаат како трамваи, но се движат на гумени тркала. Меѓутоа, нивното движење е многу полесно од движењето на автобусите благодарение на технологијата за нивно стабилизирање.

Трамваите се наречени автономен брз превоз и се користат во три кинески града. Станува збор за самоуправувачки автономни возила што ја користат технологијата што се користи за автономни автомобили. Наместо електрични водови, тие имаат батерии што се полнат при застанување на секоја станица.

Овие возила се десет пати поевтини од конвенционалните трамваи. Можно е да започнете да ги користите неколку недели по купувањето, за разлика од конвенционалните, кои може да се користат неколку недели или дури месеци по купувањето. Покрај тоа, нема големи трошоци за одржување на трамвајската линија.

Сè повеќе држави планираат да ги набават овие трамваи, кои се особено важни за ревитализација на предградијата. Меѓу овие земји се Малезија, Израел и Австралија. Како што објаснуваат од Светскиот економски форум (СЕФ), се очекува тие подобро да ги поврзат централните со попериферните делови на градовите и да бидат уште поеколошка и поефикасна замена за автомобилите.