Научниците од универзитетот „Лорен“ развија систем што му овозможи на хуманоидниот робот Талос да се потпре на ѕид и да спречи пад. Станува збор за системот е наречен Демиџ рифлекс, односно Д-рифлекс, кој е корисен во ситуации кога има дефект или оштетување на едната нога. Во овие ситуации на губење рамнотежа, роботот како човек користи поддршка за да избегне паѓање. Системот базиран на невронска мрежа користи „свои искуства“ или 882.000 симулации за брзо да ја пронајде точката на ѕидот што најверојатно ќе обезбеди стабилност. Роботот не мора да „знае“ како е оштетен и може да најде поддршка приближно брзо како човек.
Затоа, наместо да падне на земја, роботот се потпира на ѕидот како човек со истегнат скочен зглоб. Оваа функција не е особено „елегантна“, но сепак е ефикасна во три од четири случаи.
Системот Д-рифлекс не гарантира спречување на падот, првенствено затоа што е невозможно да се предвиди секоја можна позиција или површина. Исто така, не му помага на роботот да стане ако падне, ниту пак „куца“ потпирајќи се на ѕидот додека не најде помош.
Сепак, научниците се надеваат дека системот ќе стане корисен со текот на времето и замислуваат роботи што ќе можат да се фаќаат за столови и други предмети во ситуации кога падот е неизбежен. Тоа може да ги намали трошоците за замена на работничките роботи, кои инаку би паднале и би претрпеле штета, и да доведе до развој на повеќе „природни“ роботи што ќе научат да ја користат околината во своја полза.