Глечерот Пастерце, најголемиот во Австрија, годинава се топи од два до четири пати побрзо поради затоплувањето на климата во споредба со просекот во последните години, соопшти националниот метеоролошки институт ЗАМАГ.

Прелиминарните резултати од есенското мерење покажуваат екстремна година – изјави шефот на Одделот за следење на климата, Марион Грлингер.

Дебелината на мразот се намалила за 3,7 метри дури и во горниот дел, над 3.000 метри во височина, додека намалувањето претходно било за 1,6 метар.

Во текот на пролетта, дебелината на снежната покривка на Алпите никогаш не била толку мала како оваа година, песочната прашина од Сахара пристигнала и го покрила глечерот и сонцето побрзо го затоплувало, а потоа глечерот бил погоден од серија топлотни бранови. Истиот феномен беше забележан летово во целиот алпски планински систем, каде што има 4.000 од вкупно 220.000 глечери на планетата.

Во исто време, Германија најави исчезнување на еден глечер, додека извештајот објавен неодамна укажува на рекордно топење на швајцарските глечери оваа година.

Експертите му го припишуваат овој феномен на затоплувањето на климата, а топењето и исчезнувањето на глечерите придонесуваат за зголемување на нивото на морињата, нестабилност на теренот и суша.