Раперот Тони Зен отсекогаш важел за човек што ги поместува границите и не прифаќа компромис во музиката. Пред многу години публиката го препозна и сѐ до денес го поддржува. По успешното пласирање на песната „Планот“, како најава за новиот албум, Тони Зен го промовира вториот сингл насловен „Првата нота“, кој има и свој видеозапис, на кој слушателите и гледачите нема да останат рамнодушни.
– „Првата нота“ те тера да мрдаш глава и тело. Многу сум задоволен затоа што се оствари оваа соработка помеѓу луѓето во кои верувам. Веќе кажав дека ова е само почеток. Наскоро следува и новиот, седми албум во кој ќе бидат сите нови песни од потпишувањето на договорот со „Прагма продукција“ – вели Тони Зен.
На видеозаписот се потпишуваат Владислав Гавриловски и Илија Димкоски, а музиката ја направија Нино Васков и Ики.