Премиера на првата епизода од серијата „Балкан ниниси“, која ќе се прикажува на каналот ТРТ 1, се одржа синоќа, во „Куршумли-ан“, а ден претходно се одржа и официјалната церемонија на промоција на дигиталната платформа за вести „ТРТ Балкан“. „Балкан ниниси“, или „Балканска приказна“, е една од најамбициозните турски продукции што се снимаат надвор од земјата, овој пат во Скопје. Првата епизода од оваа серија беше прикажана на ТРТ1 синоќа, со почеток во 19 часот по македонско време. Режисер на серијата е Доан Умит Караџа, кој ѝ е познат на македонската публика по сериите „Долина на волците – заседа“ и „Збогум, Румелија“.
Ертан и Јованка го завршиле образованието во странство и се враќаат во Македонија.

Тие ја бараат среќата, но со тешка борба. Оваа приказна за градот Скопје, поделен од реката Вардар и споен со Камен мост, раскажува за неможната љубов на двајца млади од различна националност во Скопје. Таа го привлекува вниманието не само со својата искрена, срдечна и весела приказна туку и со својата маестрална актерска екипа.
Во првата етапа ќе бидат снимени 11 епизоди, а дали ќе продолжи снимањето, ќе зависи од рејтингот на серијата. Во моментот се снима втората епизода. Инаку, во серијата се отсликуваат делови од животот на две семејства, турско и македонско, кои живеат од двете страни на реката Вардар, доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народа.

Турскиот актер Хакан Бојав, кој го игра Даниел, таткото на Јованка, пак, истакна дека во серијата се чувствува како Македонец. Познатиот уметник Ердал Озијаџилар, кој дојде во Скопје по серијата „Збогум, Румелија“, која се емитуваше пред повеќе години и стана центар на вниманието во Македонија, во серијата го толкува ликот на Кофтеџи Сулејман. Серијата „Балканска приказна“, во која Ердал Озијаџилар ги дели главните улоги со Озлем Туркад, Емре Беј и со Мерих Озтурк, е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а режијата е на Доан Умит Караџа, кој ѝ е познат на македонската публика по сериите „Долина на волците – заседа“ и „Збогум, Румелија“, како и на „Волкан Капкин“. Освен нив, како актерски имиња се појавуваат и: Хакан Бојав, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Џан Колукса, Дениз Ѓуркан, Емине Халил, Сулејман Кара, Ерман Шабан, Каан Тургут, Бурак Рахман.