Како ќе летуваме во 2050 година?
Голем број истражувања сугерираа дека летата на Медитеранот би можеле да станат премногу жешки и, се чини, имаат право. Судејќи според судбоносните најави на метеоролозите и на климатолозите, сега е последен момент да се посети сето она што отсекогаш сме го посакувале како туристичка дестинација, бидејќи во текот на наредните години тоа нема да биде можно. Тука спаѓаат Малдивите, скијањето во Шкотска, летувањето во Шпанија, а зимските радости на Алпите ќе станат летни, бидејќи до крајот на векот, наместо на зимување, на овие планини ќе се оди на летен одмор. Секако, ова ви звучи малку чудно, но засега зацртаните трендови покажуваат дека сето ова не е многу далеку од вистината. Нашите годишни одмори во иднина, како и туристичките навики, би можеле да доживеат драстични промени, на кои нема да можеме многу да влијаеме.
Новите климатски услови ќе го поттикнат сето ова, по што луѓето, веројатно, ќе ги променат своите туристички цели и ќе почнат да го планираат и да го резервираат својот годишен одмор во периодите и на начини што досега им биле незамисливи.
Така, би можело да се случи, според написот во „Јутарњи лист“, Италија засекогаш да биде прецртана како летна дестинација, како и Шпанија. Ова лето некои туристи го одложија своето планирано летување во Барселона за рана есен. Накратко, летата се сѐ потопли, нивото на морето е сѐ повисоко, снегот и глечерите забрзано се топат, а поледиците се гледаат уште сега.
На пример, на една од најпознатите плажи во Мајорка, Ес Тренк, туристите сега се сончаат меѓу масивните бункери, кои шпанскиот диктатор Франко во средината на 20 век ги градел под нивото на песокот. Но поради влијанието на климатските промени, зголемено е морското ниво, па со себе повлекло голем дел од песокот, поради што бункерите на Ес Тренк сега изгледаат како да се дел од плажата, која е 40 метри пократка од порано.
Приспособени понуди
Има и полоши примери. На пример популарните Малдиви, за кои се предвидува дека голем дел од островите нема да постојат до 2050 година, веќе сега почнаа со изградба на куќи на лебдечка основа за да може месното население и во иднина, откако морето ќе го преплави копното, да имаат каде да живее.
Една од последиците на климатските промени е зголеменото ниво на морето, а тоа значи дека сите места на планетата по должината на морскиот брег се загрозени.
Веќе сега има симулации што покажуваат како ќе изгледаат поголемите градови ако дојде до одреден пораст на нивото на морето.
Една таква симулација направи непрофитната организација „Клајмат централ“, која анализирала што ќе се случи на подрачјето на Европа, поточно со нејзини 184 града, доколку секојдневната температура се зголеми за три степени.
До 2050 година драстично ќе се зголеми бројот на деновите во кои дневната температура ќе биде поголема од 40 степени. Исто така, според истражувањата на Турција и на Грција, Медитеранот до крајот на векот би можел да стане изразито неповолна дестинација за летен туризам, со пријатни пролетни и есенски периоди, додека на подрачјето на јужна Шпанија би можеле да се појавуваат и зими. И во моментов низ Европа има топлотни бранови и пожари, а и температурата на водата е сѐ повисока. Особено се во опасност подрачјето на јужна Шпанија и летувалиштата Марбеља, Малага и Бенидорм. За овие предели климатолозите сугерираат дека температурата во септември ќе биде како во јули, но врнежите нема да се зголемат, па ќе има опасност од суша и пожари.

Опасност од маларија
Може во најлош случај да се рашири и болеста маларија, па услов за влез во Шпанија би можело да биде вакцина против оваа заразна болест. Сепак, најголеми штети поради климатските промени ќе имаат зимските дестинации, особено европските Алпи, каде што во 2050 година се очекуваат за 50 проценти помали врнежи, што ќе ги загрози познатите зимски центри Гармиш-Партенкирхен во Германија и Кицбил во Австрија.
Според студијата објавена во магазинот „Еуропиен геосајанс унион“, 4.000 глечери на подрачјето на Алпите до 2050 година би требало да загубат речиси половина од волуменот, а до крајот на векот, во најдобар случај ќе преживеат третина глечери, и тоа само доколку светските влади се потрудат во борбата против стаклените градини.