Речиси четири години по првата објава, биографскиот филм за пејачката Ејми Вајнхаус, конечно, тргнува напред на чело со режисерката Сем Тејлор-Џонсон („Педесет нијанси сиво“).
Тејлор-Џонсон (55) потпиша договор за режија на биографскиот филм „Враќање во црно“, што е истиот наслов како и на албумот на Вајнхаус од 2006 година. Проектот бргу напредува, а Тејлор-Џонсон работи по сценариото на Мет Гринхалг.
Се очекува филмот да го следи нејзиниот живот како талентирана џез-пејачка во северен Лондон до нејзиното издигнување како глобална суперѕвезда со вториот албум „Back to Black“ (2006), кој го вклучува нејзиниот голем хит-сингл „Rehab“.
Ејми стана една од петте жени во музичката историја што освоиле пет награди „греми“ во една вечер, вклучувајќи ги статуетките за најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината.