Луѓето почнале да консумираат алкохол пред неколку илјади години, а во голем дел од светските култури и денес опстојува оваа навика. Светската здравствена организација (СЗО) ги издвојува петте земји со најголема потрошувачка на алкохол во светот за една година.

Чешка -14,26 литри
Според податоците на СЗО, Чешка е водечка земја во однос на литри консумиран алкохол по жител. Секако, омилен пијалак на Чесите им е пивото, а првата пиварница е изградена во градот Пилсен, кој се наоѓа на 100 километри југозападно од Прага.

Летонија – 13,19 литри
Жителите на една од трите балтички земји се втори најголеми потрошувачи на алкохол во светот. Најчесто консумирани пијалаци се растителниот ликер ригански црн балсам, вотка и пиво.

Молдавија -12,85 литри
Земјата, која граничи со Романија и Украина, има долга историја на производство на вино. Овде ќе пиете одлични вина за релативно малку пари. Други пијалаци со кои се гордеат Молдавците се туика и вестина.

Германија -12,79 литри
Најнаселената европска земја е голем љубител на добри пијалаци. Кога ќе го спомнеме пивото, еден од синонимите е Германија, а особено јужниот регион Баварија, каде што се одржува и „Октоберфест“. Но, без разлика дали ќе одите за време на најголемиот фестивал на пивото или не, добро пиво ве очекува низ цела Германија.

Литванија -12,78 литри
Меѓу првите пет се и две балтички земји, а Литванија го зазеде петтото место. Овде најчесто се ужива во пивото, но и во домашните ракии и ликери, познати како квас, самана и старка.