Француски нуркач успеа да го пронајде авионот на познатиот писател и авијатичар Антоан де Сент Егзипери, кој се урна во јули 1944 година, на југот на Франција. Досега леталото се сметаше за исчезнато, а тоа уште повеќе придонесе за ширењето на митот за творецот на најпопуларната книга на светот „Малиот принц“, објави Би-би-си.
Антоан де Сент Егзипери бил искусен авијатичар и летал во извидувачка мисија на Франција во борбата со нацистичка Германија.
Никој досега не знаеше како и каде паднал неговиот авион, сѐ додека францускиот нуркач Лук Варнел не успеал да ги пронајде остатоците од леталото на дното на морето, крај пристаништето Марсеј, и да докаже дека станува збор за авионот на познатиот писател.
– Денес им го подарувам „Малиот принц“ на младите луѓе во Франција и во целиот свет. Тоа е книга што содржи универзални пораки, а една од нив е дека само со срцето јасно се гледа, а најубавото е невидливо за очите – рекол Варнел за француските медиуми.