Глобалниот мегахит „Игра со лигни“ официјално ќе ја има својата втора сезона, објави „Нетфликс“, нудејќи неколку навестувања за тоа што носи продолжението на корејската драма.
„Игра со лигни“ стана најгледаната серија на „Нетфликс“ кога беше објавена во септември 2021 година. Приказната е за натпреварувачи, кои поради беспарица играат игри од своето детство за да добијат шанса за освојување сума пари што ќе им го променат животот.
Серијата инспирира безброј мемиња на интернет, костими за Ноќта на вештерките, а почнаа и да се продаваат зелени тренерки какви што носеа главните ликови.
Сценаристот и режисер Хванг Донг-Хјук изнесе неколку детали за втората сезона на серијата во писмото објавено од „Нетфликс“. Тој рече дека ќе се вратат ликовите Ги-хун и Д Фрон Мен, а ќе го запознаете и момчето на Јанг-хи.
Јанг-хи е аниматронска кукла што ги чувствува движењата на натпреварувачите прикажана во една од игрите.
„Нетфликс“ не соопшти кога ќе излезе новата сезона, а во претходното интервју Донг-Хјук навести дека светлината на денот нема да ја види до крајот на 2023 година.