Лозинките што ги избираме служат за да ја заштитат нашата приватност на профилите што ги користиме, а сега тим експерти од компанија за сајбер-безбедност ги открија најкористените лозинки на глобално ниво. Имено, најчесто користената лозинка е пасворд, неа ја користат речиси пет милиони луѓе низ светот.
Исто така, за да ја пробијат оваа лозинка, на хакерите им треба само една секунда, колку време им е потребно за да ги откријат втората и третата најпопуларна лозинка, кои се низи од броеви – 123456 и 123456789.
Истражувачките експерти за сајбер-безбедност, за „Си-ен-би-си“, направија листа на 20 најчести лозинки. Освен пасворд, на списокот се наоѓаат 123456, 123456789, гест, кверти, 12345678, кол123456,123123, 1234567, 000000, 555555, 666666, 123321, 654321, 7777777 и 123.
Експертите им препорачуваат на корисниците да изберат сложена лозинка од најмалку 12 знаци, која има комбинација од големи и мали букви, бројки и симболи, но и да избегнуваат користење една лозинка за неколку различни сметки.