Стриминг-платформата „Нетфликс“ им овозможи на своите корисници да ги отстранат несаканите поврзани уреди од своите профили. Новата опција моментално е достапна главно на уредите ИОС и Андроид, а корисниците сега можат да видат кои уреди користат Нетфликс преку своите профили и дали има неправилности. Доколку сакаат, корисниците можат да отстранат одреден уред со едноставно избирање на опцијата „Одјави се“.
Опцијата се наоѓа во менито Поставки за сметка, односно во секциите Безбедност и приватност и Управување со пристап и уреди. Ова е уште еден начин на кој „Нетфликс“ се обидува да се бори против споделувањето лозинка пред да ги преземе работите во свои раце. Опцијата е достапна само на мобилните уреди, а не се знае кога ќе ја добијат корисниците на десктоп и ТВ-апликации.