Во последниве години се појави тренд што однесе повеќе од 100 животи – самослик на особено опасни места. Инфлуенсерите сакаат да ги прикажуваат своите најхрабри фотографии направени на врв на карпа, на високи згради, кранови, среде дива река…

Според студијата објавена во „Џрнал оф фамили медисин енд прајмери кеар“, во периодот од октомври 2011 до ноември 2017 година, најмалку 259 луѓе го загубиле животот на опасни места, само поради добра фотографија. Според статистиката, најмногу станува збор за мажи на возраст од 20 до 29 години. Само минатата година, веднаш по укинувањето на ограничувањата за движење поради коронавирусот, евидентирани се 24 смртни случаи поради фотографија.

Поради алармантните податоци, авторите на студијата решиле да поведат иницијатива за „области без самослик“ и да ги обележат најопасните точки за фотографирање на тој начин. Интернет-страницата „Травелбук.де“ направи листа на места што се опасни за правење самослик.

Ел Каминито дел Реи, Шпанија

Оваа прекрасна патека важеше за една од најопасните во светот и беше целосно затворена за посетители цели 14 години. А причината за тоа беа многуте смртни случаи. Во 2015 година патеката беше реновирана и поставени се огради. Но, сепак, прошетката сè уште не е целосно безбедна.

Ѓаволски Базен, Замбија

Многу луѓе пливаат директно до работ, кој се наоѓа на надморска височина од 110 метри. Има природен ѕид што не дозволува водата веднаш да ве повлече, но ако се појават струи, никој не може да ве задржи. Многу туристи веќе паднаа во длабочините на Викториините Водопади.

Керагболтен, Норвешка

Моќна карпа заглавена меѓу два фјорда лебди на 1.000 метри над земјата. Самото гледање на фотографиите е страшно.

Преикестолен, Норвешка

Потребен е само еден невнимателен чекор за да паднете од карпата. Инаку, токму тука се снимаа кадрите на филмот „Невозможна мисија“ во 2017 година. Пред неколку години тоа му се случи на еден шпански турист.

Тролтунга, Норвешка

Карпата што стрчи од планината личи на јазикот на троловите, поради што има необично име. Многу туристи одат сè до работ. Тоа било кобно за една 24-годишна девојка од Мелбурн, која паднала од речиси 300 метри.