Домување

Кога станува збор за чистење во домаќинството, мијалникот во кујната треба да се чисти секојдневно, а често не е лесно да се отстранат тврдокорните дамки од бигорот и остатоците од храна.
Меѓутоа, чистењето на мијалникот не мора да биде проблем, особено ако знаете кои производи да ги користите. Една жена, на Тик ток го сподели трикот за најлесниот начин за чистење мијалник, а потребни ви се само два производа, кои сигурно ги имате дома – сода бикарбона и детергент за миење садови.
Во видеото, таа покажува како го чисти мијалникот користејќи ги овие две состојки. Најпрво го посипува целиот мијалник со сода бикарбона, а потоа го прска со детергент за миење садови.
Потоа со обична кујнска четка добро ја трие смесата во нејзиниот мијалник, а на крајот ја исплакнува со топла вода. И тоа е сè – мијалникот е чист и сјаен, како нов. Многумина беа воодушевени од овој едноставен трик.