Вертикалните фарми се моќна алтернатива и решение за кризата со земјиштето и не се помалку функционални од традиционалните. Исто така, тие заштедуваат огромни количества вода. Иако вертикалните фарми не се нови, една привлече внимание бидејќи е најголемата вертикална фарма во светот и е подготвена да произведе повеќе од 900.000 килограми зелен зеленчук годишно.
Компанијата „Кроп ван холдингс“ во соработка со „Емиратс флајт кетеринг“ ја изгради фармата „Бустаника“, а беше отворена во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, недалеку од меѓународниот аеродром „Ал Мактум“. Површината на фармата е 30.658 квадратни метри.

Зеленчукот што ќе се одгледува на оваа фарма ќе биде „целосно чист“ бидејќи ќе расте без пестициди, хербициди и други хемикалии. Исто така, фармата користи 95 отсто помалку вода во споредба со традиционалните фарми, а ќе дава три тони производи дневно благодарение на употребата на машинско учење, вештачка интелигенција и анализа на податоци.

Фабриката користи затворен систем што овозможува водата да циркулира низ растенијата, со цел ефикасно да се користи. Водата испарува за време на процесот на наводнување и се рециклира во системот, што заштедува 250 милиони литри вода секоја година во споредба со традиционалните отворени фарми со исто производство.
На патниците во авионите на компанијата „Емиратс“, како и на другите авиокомпании што соработуваат со „Емиратс флајт кетеринг“ ќе им биде послужен зелен зеленчук.