Детски културен центар „Карпош“

Во Градскиот парк викендов во лавиринтот над сто деца имаа можност да учествуваат во активноста ,,Потрага по изгубеното богатство“, организирана од детскиот културен центар „Карпош“. Активноста беше наменета за сите деца што беа дел од настанот ,,Играме заедно“.

Најнапред за влез во лавиринтот требаше да си ,,купат“ билет минувајќи низ полигон и трчајќи еден круг на тартан-патеката околу лавиринтот. Потоа на знак сите заедно влегуваа во лавиринтот за да го најдат богатството. Многу смеа и радост се ширеше низ лавиринтот, а за среќниот пронаоѓач имаше и награда. Во меѓувреме дел од детскиот градски хор,,Гласот на децата на Скопје“ при ДКЦ „Карпош“ ја распеа и разигра публиката со својот репертоар од детски хорски песни.