Повеќе од 60.000 луѓе продефилираа низ улиците на Сиднеј, по повод годишната трка и големата забава што се враќаат во акција за првпат од почетокот на пандемијата на ковид.
Трката на задоволството „Сити 2Срф“, која минува низ најпознатите делови на Сиднеј, е долга 14 километри, објави „Ројтерс“. Учесниците облекоа различни костими на диносауруси, горили и суперѕвезди.
„Сити 2Срф“ започна во 1971 година, а целта е да собира пари за различни хуманитарни институции низ Австралија.
Претходните две години, настанот беше откажан поради пандемијата, а организаторите одржаа виртуелни трки во тој период, дозволувајќи им на учесниците да трчаат во нивните населби.