Уште од мали слушаме за оние стари приказни и разни митови, како и дека Кинескиот ѕид може да се види од Месечината. Кои митови со текот на времето станаа „вистинити“, иако научно е докажано дека се заблуди…
Бикови – биковите не гледаат бои, туку реагираат на движењата и гледаат закана кај тореадорите. Црвеното знаме не им значи ништо.
Ајнштајн – постои приказна дека Алберт Ајнштајн одел на дополнителни часови по математика на училиште, иако тоа е целосна бесмислица.
Јазик – постојат пет основни вкусови што ги разликуваме: горчлив, сладок, солен, кисел и умами (вкус на храна богата со протеини). Сепак, сите рецептори за вкус потекнуваат од истиот дел од јазикот. Така, јазикот не се дели по вкусови, како што досега верувавме.
Ајкули – на интернет се прошири митот дека ајкулите не можат да добијат рак, иако е докажано дека ајкулите не се отпорни на оваа болест, особено на ракот на кожата.
Исчезнати лица – кога некој ќе исчезне, треба да чекате уште некој ден или 24 часа за да го пријавите исчезнувањето? Не. Сѐ треба веднаш да се пријави во полиција.
Викинзите – викинзите биле перципирани како племе дивјаци со шлемови со рогови. Во реалноста, овие шлемови биле направени од дизајнер во 19 век за потребите на операта на Вагнер.
Златна рипка – верувањето дека овие животни имаат меморија од три секунди, исто така, е измислица. Златната рипка може да запомни нешто и до три месеци.
Гума за џвакање – постои урбан мит што ги плаши децата, кој вели дека ако се голтне гума за џвакање, таа останува во телото во наредните седум години. Се разбира, тоа не е точно, бидејќи желудникот е доволно силен да ја разгради гумата за џвакање.