Енола Холмс се враќа како тинејџерска детективка подготвена да отвори своја агенција, која повторно ја игра Мили Боби Браун, која повеќето обожаватели ја препознаваат од серијата „Чудни нешта“.

Вториот дел од филмот, кој го гледавме пред две години, носи многу проблеми за Енола, која се обидува да се прослави како детективка, а никој не ја сфаќа сериозно поради нејзиниот пол, возраст и фактот дека таа е помладата сестра на многу попознатиот Шерлок Холмс.

Енола повторно се соединува со виконтот Тјуксбери, кој го игра Луи Партриџ, а секако тука е и Хенри Кавил како Шерлок Холмс. Енола има проблем со случај, но и Шерлок, кој станува малку нервозен, додека не се испостави дека нивните случаи можеби се поврзани.

Иако првиот дел донесе контроверзии за портретирањето на ликот на Шерлок и сомнителната глума, енергијата меѓу Браун и Кавил беше неоспорна и се чини дека хемијата на екранот ќе се повтори и во продолжението. Хелена Бонам Картер повторно ќе ја видиме како нивната мајка Јудорија, а новите ликови ќе ги толкуваат Сузан Волкома, Дејвид Тјулис и Шерон Данкан-Брустер.

За режијата повторно е задолжен Хари Бредбер, а за сценариото Џек Торн. Новиот филм ќе излезе на Нетфликс, на 4 ноември оваа година.