Приказна за човекот по кого е снимен филмот „Терминал“

Дали се сеќавате на американскиот филм „Терминал“ од 2004 година, во кој Том Хенкс игра човек од Источна Европа што заглавил на њујоршкиот аеродром „Џон.Ф. Кенеди“, откако му бил одбиен влезот во САД?
Некои делови од филмот се делумно вистинити и се засновани на искуствата од реалниот живот на Мехран Карими Насери, бегалец од Иран, кој 18 години живеел на терминалот 1 на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.
Насери е роден во иранскиот град богат со нафта Мајсед Солеиман, татко му е Иранец, кој е лекар, а мајка му е медицинска сестра од Шкотска.
Од Велика Британија, тој во1973 година отишол да студира на универзитетот „Бредфорд“ во Западен Јоркшир. Во 1977 година се враќа во Иран, но го протеруваат поради учество на протести против владеењето на шахот. По долга битка, која вклучува и поднесување барање за статус бегалец во неколку земји, Високиот комесаријат на ОН за бегалци во Белгија му додели статус на бегалец во таа земја.
Проблемот се случува кога истрагата покажува дека Насери не му е потребен на Иран како што тврдел. Бидејќи мајка му е Британка, тој одлучил да се пресели таму, но ги загубил документите.
Некои тврдат дека Насери ги испратил своите документи во Брисел, а додека бил на траект измислил приказна дека се украдени. Без страв, тој се качил на лет за Лондон, но без документи, па веднаш бил вратен во Франција, каде што го уапсиле, но набргу го пуштиле, бидејќи неговиот престој на аеродромот бил легален.
И така почнал животот на Насер на терминалот 1.
Кристијан Буже, француски адвокат за човекови права, се согласил да го преземе неговиот случај, а во 1992 година Францускиот суд одлучил дека не може да биде испорачан, бидејќи легално влегол во земјата. Сепак пресудата не му дозволила да влезе во Франција, поради што останал заглавен на аеродромот.
Неговиот адвокат тогаш се обидел да добие патни исправи издадени во Белгија, но властите во Брисел рекле дека тоа ќе биде можно само ако Насери се претстави лично. Во 1995 г. тој добил дозвола да патува за Белгија, под услов да живее под надзор на социјален работник. Насери ја одбил понудата велејќи дека сака да живее во Велика Британија, како што претходно планирал.
Дури и Франција одлучила на Насери да му одобри престој, но тој одбил да ги потпише документите, бидејќи ја навеле неговата националност како иранска, а тој сакал да стои дека е Британец и да се вика Сер Алфред. Во тој период Бурже бил фрустриран поради одбивањата на неговиот клиент да ја прифати понудата за престој во Белгија и Франција. На прашањето зошто го сторил тоа, неговиот адвокат изјавил дека Насери го живее животот што го посакувал.
Престојот на аеродромот на Насери завршил во јули 2006 година, кога бил хоспитализиран до јануари 2007-та. Кога го пуштиле до болница, го презела филијалата на францускиот Црвен крст. Го сместиле во хотел во близината на аеродромот, каде што останал до префрлањето во добротворниот прифатен центар.
Во текот на својот 18-годишен престој на аеродромот, Насери го носел својот багаж со себе, а живеел од великодушноста на аеродромските работници, кои му давале храна и книги зa читање.
Во 2003 година, со Насери контактирале претставници на продукциската куќа „Дримворкс“ на Стивен Спилберг и му понудиле 250.000 долари за правата на неговата приказна. Меѓутоа, на крајот, Спилберг не ја искористил сторијата, туку го презел само почетниот заплет за снимањето на филмот „Терминал“.