Зачекоривме во летото, според многумина најубавото годишно време, кога секој од нас сака да отпатува некаде. Како мала подготовка ви препорачуваме 15 летни филмови што ќе ве релаксираат, ќе ве забават и ќе ве овозможат да отпатувате некаде, па макар и со мислите.

1. „Кралот на летото“
Сонце, забава и ниту еден учител на повидок. Летото навистина претставува посебна сезона за оние што се под 18 години и овој филм ќе ве врати токму во тие моменти. Ќе ви даде вистинска летна носталгија за вонучилишните денови минати во релаксирање со пријателите.

2. „Вики Кристина Барселона“
Што повеќе звучи како лето од две изгубени души ставени во маската на туристи во прекрасната Барселона?

3. „За малку славна“
Што ако имате уникатна можност да бидете во присуство на некој легендарен рок-бенд и да видите што се случува зад сцената? Дали сѐ е во сексот, дрогата и рокенролот?

4. „Пред изгрејсонце“
Што ако летната романса не е само летна романса? Што ако силните емоции и страсти што ве обземаат за една личност што ја запознавате на плажа или во некој непознат град се оние вечните? Овој филм ќе ви одговори на тоа прашање.

5. „Моето лето на љубовта“
Самиот наслов добро ви кажува за што станува збор, комбинација од жешки летни денови и уште пожешки емоции, но овој пат во форма на тинејџерско експериментирање.

6. „Земја на авантури“
Ако не можете да си овозможите патување низ Европа, тогаш зошто летниот период да не го поминете во забавен парк? Во секој случај, можете да погледнете што се случува во животот на овие млади тинејџери што летото го минуваат работејќи во еден парк.

7. „По седум години за секого“
Можеби некои го сакаат тоа жешко, но овој пат во сосема друг филм со една од најсексапилните сцени на Мерилин Монро, каде што таа ги покажува своите нозе под ветерот на кој се разладува.

8 „Зашеметени и збунети“
Животот во лето се сведува на многу малку работи што ги правиме и во кои уживаме. За оние што не се заминати на одмор, реалноста е пиво, барови за билјард и релаксирање, како овие матуранти од Тексас.

9. „Мама миа“
Снимен на остров во Грција, овој мјузикл ќе ве натера да помислите дека и вие сте на некоја плажа. Една од главните улоги ѝ припаѓа на Мерил Стрип, а во филмот ќе слушнете и дел од најдобрите хитови на AББA.

10. „Друга жена“
Во овaа комедија главните улоги им припаѓаат на Камерон Диаз, Лесли Ман и Кејт Аптон. Трите жени сфаќаат дека се во врска со ист маж, па одлучуваат да му се одмаздат и да се соочат со него на Бахамите. Овој филм ќе ве „прошета“ низ некои од најубавите плажи во светот и дефинитивно ќе ви го подобри расположението.

11. „Последната песна“
Дејството на овој романтичен филм е сместено на брегот на Австралија, а главните улоги им припаѓаат на Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт.
Филмот е снимен според истоимената книга на Николас Спаркс и ја раскажува слатката љубовна приказна на Рони и Вил.

12. „Да се заборави Сара Марашал“
Откако Питер ќе раскине со својата девојка, одлучува да оди на патување што ќе му помогне да ја преболи. Па, така, тој и неговите пријатели се упатуваат кон Хаваи. Но местото исполнето со убави жени и забави до утринските часови наскоро ќе се претвори во негов пекол.

13. „Аквамарин“
Иако ова е филм направен за помлада публика, до денес останува еден од најпопуларните летни филмови. И ова филмско остварување ќе ви овозможи да „отпатувате“ до плажите во Австралија, но и да уживате во пријателството на една сирена и две девојки.

14. „Плажа“
Ова е филмот што ги прослави плажите во Тајланд и е задолжителен секоја летна сезона. Главниот лик, кој го глуми Леонардо ди Каприо, пристигнува на скриен остров во Тајланд, надевајќи се дека ќе најде подобар живот. Но набрзо сфаќа дека ни таму нештата не се совршени како што изгледаат.

15 „Монте Карло“
Селена Гомез глуми како Грејс, неодамнешна матурантка, која тргнува на патување во Париз од соништата, со нејзината полусестра (Лејтон Местер) и најдобрата пријателка (Кејти Касиди). Но кога Грејс ќе ја помешаат со разгалена наследничка, таа и нејзините пријатели решаваат да продолжат со итрината и да имаат цел живот одмор во Монте Карло.