„Амазон стјудиос“ го објави првиот трејлер за нивната нова серија „Список на терминали“. Станува збор за акционен трилер инспириран од истоимениот роман на Џек Кар.
Во серијата, Крис Прат го игра Џејмс Рис, специјален агент, кој е единствениот преживеан од нападот врз неговиот вод за време на тајна операција. Бидејќи тој беше единствениот што се извлече жив во овој инцидент се чувствува виновен. Но тој брзо открива дека има луѓе што работат зад неговиот грб и се подготвени да го обвинат за неуспехот на мисијата во која учествувал, а исто така се подготвени да му наштетат на неговото семејство.
Споредните ликови во серијата ги толкуваат Тејлор Кич, Констанс Ву, Рајли Кио и Патрик Шварценегер. Главен творец на оваа ТВ-драма е Дејвид Дигилио. Од 1 јули ќе можеме да ја гледаме на стриминг-сервисот „Амазон прајм видео“.