Кралицата Елизабета Втора е љубител на блуз и џез, а американската џез-легенда Дјук Елингтон се чини дека е на нејзината плејлиста.

Британскиот џез-музичар Гери Крозби во емисија на „Би-Би-си радио два“ во понеделникот вечер откри дека кралицата (96) го израдувала со својот уникатен интерес за музичките жанрови.

Крозби, исто така, му раскажуваше на водителот Метјус колку бил среќен кога во 2019 година добил Медал за музика од кралицата. Контрабасистот е првиот џез-свирач кому му е доделена ваква награда, а која му беше врачена лично од кралицата во Бакингемската палата.

Кога водителот го праша дали кралицата сака блуз, Крозби веднаш одговори: Дјук Елингтон.

Кога дискутиравме за Елингтон, јас бев многу изненаден од нејзиното уважување на музиката и инструментите и за тоа како се засилени. Седев и се прашував дали е можно тоа. Кралицата ми зборува за повторно засилување на акустичните гудачки инструменти – рече британскиот џез-музичар за неговиот разговор со кралицата.