Ана Ѓуриќ-Констракта, која благодарение на победата на српскиот „Евросонг“ и учеството на „Евровизија“ стана најпопуларна личност на просторот на некогашна Југославија, а и во цела Европа, во моментот се наоѓа на регионална турнеја, во чии рамки ќе настапи и на „Д фестивал“ во Дојран.
Заедно со својот бенд „Земља грува“, таа на задоволство на публиката го пее својот огромен хит „In Corpore Sano“, песната што беше петта на „Евросонг 2022“, а неодамна го испеа и пред загрепската публика во „Фабрика за култура“. Интересно е дека публиката на сцената ѝ фрлаше градници во разни величини и бои.

– Ги собирам градниците од сцената како Били Ајлиш – се пошегувала таа во објава на социјалната мрежа Инстаграм.Кантавторката, инаку, последните четири години настапува самостојно, иако уште до почетоците на кариерата, пред дваесетина години, е врзана за „Земља грува“, каде што беше водечки вокал.