Поради најавеното дождливо време на 27 и 28 мај, а во консултација со менаџментот на групата „Дип парпл“, одговорните од продукцијата „Авалон“ се одлучија за сигурна варијанта – префрлување на концертот во арената „Борис Трајковски“, истиот ден, в сабота на 28 мај.
– Тоа е впрочем и одлична вест, затоа што сите со купени влезници досега, како и сите оние што ќе купат отсега, ќе може да избираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење.
Сите што имаат купено фанпит-влезници може да стојат во својата омилена зона – пред бината или да седат на преостанатите ненумерирани трибини – по свој избор. Сите што имаат купено партер-влезници може да стојат во партер-зоната или да седат на преостанатите ненумерирани трибини, по свој избор. Сите оние што имаат купено ВИП-влезници ќе може да седат во ВИП-трибината (блок 13).
Со ова се исполнува желбата на голем број луѓе и на сите што прашуваа дали на стадионот на АРМ ќе има столчиња или трибини, што, се разбира, дека е невозможно. Сега, на новата локација, и тоа е можно – велат до продукцијата „Авалон“.