Избор на филмови за апокалипсата (2)

Последниве неколку години светот се смени на полошо – пандемијата на коронавирусот, сѐ уште нема разврска ниту за неколкумесечниот воен конфликт во Украина, а други се разгоруваат и сѐ некако личи на некој филм за апокалипсата. Поучени од искуството дека филмовите што ни се пласираат, особено научнофантастичните, се некаков вид најава за она што ќе му се случува на човештвото, во две продолженија ќе ве потсетиме на триесетина апокалиптични и постапокалиптични филмови, во кои има инвазија на зомби, крвав канибализам, невидливи самоубиствени чудовишта, последици на нуклеарна војна… Ако иднината ви изгледа мрачно, но сепак сте љубител на вакви адреналински филмски стории, овој избор може да ве задржи пред екраните, но и да ве замисли и да ви го засили чувството на неизвесност.
Преку овие не многу пријатни слики ќе нурнете во разурнатата, опустошена и уништена планета, каде што сепак, и покрај сѐ, постои некаква надеж за преживување на овој несовршен свет во кој живееме.

15. „28 дена подоцна“ Режија: Дени Бојл
Улоги: Силијан Марфи,
Наоми Харис, Брендан Глисон
ИМДб-оценка: 7,6

Оваа хорор-драма е еден од првите значајни филмови за апокалипсата на новиот милениум. Дејството го следи распадот на светот откако заразен вирус случајно ќе се пушти „на слобода“. Фокусот на филмот е на четворица пријатели што со сите сили се трудат да ја избегнат инфекцијата. Филмот доби многу позитивни критики и задолжително треба да се погледне.

16. „12 мајмуни“ Режија: Тери Гилијам
Улоги: Брус Вилис, Бред Пит
и Медлин Стов
ИМДб-оценка: 8

Награден со „златен глобус“, филмот до 1995 г. е еден од најдобрите научнофантастични трилери, со остар заплет и ѕвездена актерска екипа.
Брус Вилис, како осуденикот Џејмс Кол, ризикува сѐ и се пријавува доброволно да се врати во минатото, за да дознае детали за заразниот холокауст што го избришал човештвото од Земјата. Има сознание дека групата позната како „Армијата на 12 мајмуни“ предизвикала нешто што предизвикало крај на светот….

17. „Д-р Стрејнџлов“ Режија: Стенли Кјубрик
Улоги: Питер Селерс, Џорџ С. Скот, Стерлинг Хајден
ИМДб-оценка: 8,4

Овој наградуван филм на Кјубрик е сатира за Студената војна. Стрејнџлов е лик во кој можете да се вљубите, тој пронаоѓа зачудувачки хумор во секоја незамислива сцена. Целиот филм изобилува со комични сцени. Ова дело нуди сатиричен коментар на стравот од нуклеарна војна меѓу Советскиот Сојуз и САД. Се темели на романот „Црвено предупредување“ на Питер Џорџ и е еден од поведрите филмови за апокалипсата.

18. „Матрица“ Режија: Лана и Лили Вачовски
Улоги: Кеану Ривс, Лоренс Фишбурн и кери-Ен Мос
ИМДб-оценка: 8,7

„Матрица“ е пионерски, забавен и филозофски класик на научната фантастика.
Луѓето се заробени во симулирана реалност во дистопична иднина, која ја создава системот наречен „Матрица“. Томас Андерсон, компјутерски програмер, сака да им се спротивстави на супермоќни компјутери. Со својата визуелна привлечност и континуирана неизвесност, филмот не само што стана култен туку и го смени ликот на научнофантастичните филмови од 2000-та наваму.

19. „Кловерфилд Лејн“ Режија: Ден Трахтенберг
Улоги: Џон Гудмен, Мери Елизабет Винстед и Џон
Галагер Јуниор
ИМДб-оценка: 7,2

Психолошки возбудлив научнофантастичен филм, кој наедно е и многу забавен. Мишел е заглавена во бункер со Хауард. Иако површината на Земјата веќе не е населива, таа смета дека безбедниот бункер е премногу ограничен и решава да избега…

20. „Војна на световите“
Режија: Стивен Спилберг
Улоги: Том Круз, Дакота Фенинг, Тим Робинс
ИМДб-оценка: 6, 5

Реј Фериер (Том Круз) сака да помине лежерен викенд со своите деца, но на Земјата слетува вонземско летало, кое се заканува дека ќе го уништи човештвото. Семејството Фериер дава сѐ од себе да ги заштити своите деца барајќи засолниште…

21. „Армагедон“
Режија: Мајкл Беј
Улоги: Брус Вилис, Бен Афлек,
Били Боб Тортон и Лив Тајлер
ИМДб-оценка: 6,7

Овој филм спаѓа во жанрот катастрофи. НАСА сака да го запре судирот на огромен астероид со Земјата. До судирот може да дојде во следните 18 дена, со што ќе се уништи целиот живот на планетата. Сценариото за крајот на светот во филмот е застрашувачко и интригантно, но и забавно.

22. „Јас сум легенда“ Режија. Фрањо Лоренс
Улоги: Вил Смит, Алис Брага, Чарли Тахан
ИМДб-оценка: 7,2

Во овој научнофантастичен хорор-трилер крајот на светот го донесува чума, речиси сите луѓе умираат, а оние што преживуваат се претвораат во чудовишта. Во Њујорк има само еден преживеан, кој има потенцијал да го оживее човештвото…

23. „Ден потоа“ Режија: Николас Меер
Улоги: Џејсон Робардс, Џобет Вилијамс,
Стив Гутенберг
ИМДб-оценка: 7,1

Филмот е за стравувањата од нуклеарните проектили. Мирниот град Канзас на американскиот Среден Запад е разурнат од нуклеарен напад. Следува мрачна зима. Овој филм, како и други филмови за нуклеарната војна, реално ја отсликува мрачната слика на настаните по апокалиптичната војна. „Ден потоа“ е депресивен, но реален филм.

24. „Светска војна З“
Режија: Марк Форстер
Улоги: Бред Пит, Мирела Енос, Даниел Кертез
ИМДб-оценка: 7

Филмот е заснована на најпродаваниот роман на Макс Брукс. вирус им се заканува на луѓето и само Гери Лејн (Бред Пит) може да ги спаси нивните животи…

25. „Ова се последни часови“
Режија: Зак Хилдич
Улоги: Џесика де Гроу, Натан Филипс, Дејвид Филд
ИМДб-оценка: 6,7

Филмот се случува 10 минути откако астероид удира во Земјата. Австралија има 12 часа пред да стигне огнената стихија дотаму. Џејмс треба да ја вложи целата преостаната енергија за да го спаси континентот…